Подготвени сте за нова врска? Прво одговорете на овие 13 прашања

Прекините не се лесни за надминување. Честопати е потребно подолго време за да се опоравиме отколку што мислиме. Според истражувањето, потребни се 11 недели за да се чувствуваме подобро по раскинувањето, а 18 месеци по разводот.

podgotveni-ste-za-nova-vrska-prvo-odgovorete-na-ovie-13-prasanja-001.jpg

Да се биде заљубен вклучува ист вид невролошки стимул како зависност од кокаин. По прекинот дајте си време и не потиснувајте ги емоциите.

Окупирајте се со други работи, работете и дружете се со пријателите. Одвојте време за себе и научете да уживате во себе.

Не брзајте со нова врска, подобро пронајдете хоби или поврзете се со пријателите што не сте ги виделе долго време.

Пред новата врска, поставете си ги овие 13 прашања што ќе ви го олеснат одговорот на прашањето дали сте подготвени:

1. Дали мислите дека имате енергија за нова врска? Дали вие и вашиот нов партнер сте во можност да го пронајдете балансот што ви е потребен за нова врска?

2. Дали сте подготвени да споделувате работи со некој друг?

3. Дали се чувствувате сигурно и задоволно со себе и својот изглед?

4. Дали сте подготвени да верувате и емотивно да се врзувате?

5. Дали се согласувате дека грешките во минатото не треба да влијаат врз сегашноста и следната врска?

6. Дали сте му простиле на лицето што ве повредило?

7. Дали сакате да се за вљубите на искрен начин, без да ги ограничувате своите емоции?

8. Дали сте рамнодушни кон сеќавањето на вашиот поранешен партнер? Ако не, што чувствувате и како се справувате со тоа?

9. Дали сте мешале осаменост со волја да се за вљубите?

10. Која беше најголемата лекција што ја научивте во претходната врска и како ќе ја примените во новата? Што би правеле поинаку овој пат?

11. Дали сè уште мислите дека „сите се исти“?

12. Дали сте во можност да се поставите на друго место?

13. Дали сте подготвени да изградите нешто што веќе сте го пробале со друг, но не успеавте?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg