Зошто попрво бираме да бидеме во несреќни врски, отколку сами но среќни?

Не е невообичаено луѓето да бидат задоволни со половични врски, затоа што се плашат да бидат сами.

zosto-poprvo-birame-da-bideme-vo-nesrekni-vrski-otkolku-sami-no-srekni-001.png

Проблемот се појавува кога луѓето ќе сфатат дека веќе не се среќни и задоволни, но упорно избегнуваат да излезат од таквиот однос.

Зошто попрво бираме да бидеме во несреќни врски, отколку сами но среќни?

Верување дека сме таму каде што треба да бидеме

Ова е една од најчестите грешки што луѓето ја прават кога станува збор за љубовни врски, верувајќи дека среќната врска и љубовта се клучот за среќниот живот.

Љубовта е убава и сите се надеваме дека ќе ја доживееме, но истата не е клучот што ги отвора сите врати.

Поради овие убедувања луѓето нема да излезат од лошите врски, затоа што се цврсто убедени дека само тој дел од сложувалката им недостасува и дека без партнерот нема да бидат целосни во очите на другите.

Во врска сте долго време

После неколку години цврста врска, се очекува епилог во форма на брак и деца. Но се случува паровите кои рано започнуваат врска во зрелоста да сфаќаат дека тоа не е тоа што го сакаат, но заради притисокот на околината, семејството и пријателите нема да раскинат.

Страв од нешто ново, осуда на општеството и осаменост го спречуваат несреќниот човек да направи чекор напред и да го најде патот на среќата. Ако семејството и пријателите на партнерите се поврзани, уште е потешко да се најде сила да се раскине.

zosto-poprvo-birame-da-bideme-vo-nesrekni-vrski-otkolku-sami-no-srekni-3.jpg

Што ќе мислат луѓето околу нас

Друштвото ни дава најлош можен совет кога станува збор за избор на партнер: потпрете се на судбината, не чекајте премногу долго пред да се ожените и надевајте се на најдоброто!

Бомбардирани сме со слики и текстови кои ни кажуваат да не чекаме долго пред да се венчаме, но препорачливо е и да дипломирате на факултет, да имате работа, да бидете успешни...

Притисокот што го извршува самата околина, семејство и општество доведува луѓето да прифатат партнер и врска без љубов, отколку да чекаат, на пример, во нивните 30-ти години да бараат партнер.

При изборот на доживотниот партнер не избираме само љубовник, туку и најдобар пријател, личност од доверба, личност со која ќе се смееме, со која ќе тагуваме, поддршка и инспирација.

Недостаток на самодоверба

Секако дека сите имаме периоди во животот кога се чувствуваме самоуверено и силно, додека имаме и периоди кога мислиме дека сме безвредни.

Меѓутоа, ако 365 дена во годината имате проблеми со самодоверба и му дозволувате на партнерот отворено да покаже колку е подобар од вас, имате многу поголеми проблеми од љубовните. И сè додека не почнете да се цените и сакате себе си, ќе бидете во овој магичен круг.

После стравот, недовербата е главната причина зошто луѓето повеќе би сакале да останат во лоша врска, отколку да бараат подобра. Овој недостаток на самодоверба ќе ги спречи да мислат дека има некој подобар за нив, некој кој повеќе ќе ги сака, некој што навистина ги заслужува.

zosto-poprvo-birame-da-bideme-vo-nesrekni-vrski-otkolku-sami-no-srekni-2.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава