7 грешки со телефонот кои ви ја уништуваат љубовната врска

Смартфоните имаат важна улога во нашите животи и речиси секој од нас минува неколку часа дневно со оваа направа.

7-naviki-pri-koristenjeto-na-vashiot-smartfon-shto-mozhat-da-vi-ja-unishtat-vrskata-01.jpg

Иако смартфоните дефинитивно ни го прават животот полесен, постојат некои навики при нивното користење што можат да ѝ наштетат на вашата врска.

Во продолжение погледнете за кои станува збор и што да правите за да ги избегнете проблемите:

Не му покажувате на партнерот за што се смеете

Вашиот партнер сигурно ќе се чувствува непријатно, па дури и мизерно ако сте во иста просторија, а вие сте фокусирани само на телефонот. Уште полошо е ако почнете и да се смеете додека гледате нешто. Ова ќе направи партнерот да се чувствува несигурно и љубоморно.

За да го избегнете ова, едноставно споделете со партнерот зошто се смеете или покажете му што гледате. Дури и науката потврдува дека заедничкото смеење може да ја зајакне врската.

7-naviki-pri-koristenjeto-na-vashiot-smartfon-shto-mozhat-da-vi-ja-unishtat-vrskata-02.jpg

Секогаш го носите телефонот со вас

На секој од нас му се случило да излезе од собата и без некоја причина да го земе и телефонот. Понекогаш сите се однесуваме како овие направи да се залепени за нашите раце, но и ова не е без последици.

Најпрво, ако постојано го правите ова, партнерот може да се посомнева дека криете нешто. Ова, пак, ќе резултира со љубомора, недоверба и напнатост помеѓу вас.

Ако постојано го носите телефонот со вас, веројатно и веднаш ги проверувате сите нотификации. Ова може да биде проблем кога треба да минувате време само со партнерот.

7-naviki-pri-koristenjeto-na-vashiot-smartfon-shto-mozhat-da-vi-ja-unishtat-vrskata-03.jpg

Телефонот постојано ви го одвлекува вниманието

Пред неколку години, беше целосно неприфатливо да го користите телефонот додека разговарате со некого. Но денес оваа појава е толку честа, што луѓето почнаа да ја игнорираат.

Едно истражување покажало дека 46,3% од луѓето забележале дека нивниот партнер постојано го проверува телефонот додека разговараат. 22,6% од испитаниците изјавиле дека ова однесување предизвикува проблеми во врската.

7-naviki-pri-koristenjeto-na-vashiot-smartfon-shto-mozhat-da-vi-ja-unishtat-vrskata-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg