7 грешки со телефонот кои ви ја уништуваат љубовната врска

Имате потреба веднаш да ги проверувате нотификациите

Со смартфоните ни се достапни голем број информации, па веројатно сметате дека ако не проверите некое известување, ќе испуштите нешто важно.

Но, ова ќе ви предизвика проблеми, па обидете се да одредите кои нотификации ви се приоритет. Проверувајте ги најважните, но сè друго оставете за подоцна.

Кога сте со партнерот, посветете му го вниманието него, а не на новостите.

7-naviki-pri-koristenjeto-na-vashiot-smartfon-shto-mozhat-da-vi-ja-unishtat-vrskata-05.jpg

Одговарате на мејлови од работа кога сте дома

Веројатно и вие и партнерот сте зафатени и водите динамичен живот. Но додека вам ви нормално да одговарате на мејлови и повици од работа кога сте дома, на партнерот може да не му се допаѓа.

Дури и ако има нешто итно, немојте секогаш да го запоставувате партнерот поради работата. Штом ви завршило работното време, мејлот сигурно може да почека до утре.

7-naviki-pri-koristenjeto-na-vashiot-smartfon-shto-mozhat-da-vi-ja-unishtat-vrskata-06.jpg

Го проверувате телефонот за време на вечера

Во денешното „брзо“ време, заедничката вечера изгледа како единствениот начин да бидете со партнерот. Па, во тој момент заборавете на вашиот телефон.

Сигурно не сакате да станете странци со партнерот само затоа што не сте обрнувале внимание на заедничкото време.

7-naviki-pri-koristenjeto-na-vashiot-smartfon-shto-mozhat-da-vi-ja-unishtat-vrskata-07.jpg

Мислите дека емотиконите ги заменуваат нежностите

Поради смартфоните, почнуваме да забораваме како да ја искажеме љубовта во реалниот живот. Денес има емотикон за секоја емоција, но тие не треба да ги заменат нежностите од реалноста.

Ако сакате здрава врска, не заборавајте дека прегратките, бакнежите и допирите не можат да бидат заменети со дигитална комуникација.

7-naviki-pri-koristenjeto-na-vashiot-smartfon-shto-mozhat-da-vi-ja-unishtat-vrskata-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg