Љубовната советничка на принцот Хари открива 9 совети како да ја пронајдете сродната душа

Многу луѓе влегуваат од врска во врска, за да ја пронајдат сродната душа. Но, за да имате љубов како Меган и Хари, можеби треба да ги послушате советите на љубовната советничка на принцот.

ljubovnata-sovetnicka-na-princot-hari-otkriva-9-soveti-kako-da-ja-pronajdete-srodnata-dusha-01.jpg

Лара Аспреј е жената на која принцот Хари ѝ се обратил за помош пред да ја запознае Меган.

Токму таа издвои 9 совети кои можеби ќе ви се најдат во потрагата за љубов:

Мора да се потрудите

Не е доволно да отворите онлајн апликација за запознавање, мора да се активирате.

Бидете интересни

Олеснете им ги разговорите на луѓето со вас, односно споделувајте детали кои се добар почеток за разговор.

ljubovnata-sovetnicka-na-princot-hari-otkriva-9-soveti-kako-da-ja-pronajdete-srodnata-dusha-02.jpg

Дами, бидете елегантни наместо секси

Наместо да ги сликате голите гради, обидете се со широка насмевка.

Изгаснете го стариот пламен

Ако постојано ѝ се враќате на старата љубов, никогаш нема да дадете прилика на новата шанса.

Не отпишувајте некого само поради годините

Не се водете по рамките кои општеството ви ги налага. Водете се по личната компатибилност. Годините не се никаква гаранција за квалитетна врска.

ljubovnata-sovetnicka-na-princot-hari-otkriva-9-soveti-kako-da-ja-pronajdete-srodnata-dusha-03.jpg

Ако сте уморни од обидувања – одморете се

Ако одеднаш чувствувате дека пронаоѓањето на љубов ви претставува товар – одморете се. Ништо не се случува со сила.

Љубовниот состанок не е интервју за работа

Па, не доаѓајте со однапред смислени прашања и јасно зацртан тек на разговорот.

Не пијте премногу на првиот состанок

Можеби мислите дека чашка плус дополнително ќе ја загрее атмосферата – но, работите многу лесно може да добијат погрешен правец.

Бидете со отворен ум

Не ги пречкртувајте луѓето веднаш само затоа што немате заеднички интереси и не се спојувате како калапи на прво гледање. Дајте време и простор за запознавање.

ljubovnata-sovetnicka-na-princot-hari-otkriva-9-soveti-kako-da-ja-pronajdete-srodnata-dusha-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg