Ситница на која честопати забораваме, а е клучна за успешна врска
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 19-02-2020


Ситница на која честопати забораваме, а е клучна за успешна врска

Изразување благодарност е една од најлесните и најважните работи што можете да ги направите за вашата врска. Самата љубов не е доволна. 

sitnica-na-koja-cestopati-zaboravame-a-e-klucna-za-uspesna-vrska-04.jpg

Кога последен пат му кажавте „благодарам“ на вашиот партнер? Ако не можете да се сетите, време е да започнете да го користите тој магичен збор ако сакате да одржите здрава, квалитетна врска.

Кога сме под стрес, многу често забораваме да ѝ се заблагодариме на личноста со која го споделуваме животот за поддршката што ни ја дава. Понекогаш ни се чини дека тоа се подразбира, но одвреме-навреме е важно истото и да се изговори.

Направете го тоа на начин на кој вашиот партнер ќе се чувствува сакано и ценето. Се разбира, и тој треба да го прави истото. Користете едноставни дела и однесувања за да му покажете колку го сакате и колку ви значи.

sitnica-na-koja-cestopati-zaboravame-a-e-klucna-za-uspesna-vrska-03.jpg

Во едно истражување, среќните парови одговарале на прашањето во што е нивната тајна за успешна врска. 61 процент ја навеле благодарноста од страна на нивните партнери.

За овие среќни парови, благодарноста доаѓа во форма на зборови или дела со кои партнерите им покажувале дека ги забележуваат, ценат, почитуваат, сакаат и посакуваат.

sitnica-na-koja-cestopati-zaboravame-a-e-klucna-za-uspesna-vrska-02.jpg

Благодарноста е нешто на што можете да работите, а со искажувањето благодарност ќе ги задоволите и двете основни потреби на луѓето во врските - потребата да знаат колку вредат и потребата за интимност и блискост.

Благодарноста можете да ја изразите на многу начини. Треба само да бидете искрени. Истовремено, не се потпирајте само на зборови - покажете го истото и со своите постапки.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ако ја сакаш, не ја уништувај Сакам да се присетиш како изгледаше таа првиот пат кога ја здогледа… Ти доaѓа ли...
„Како ми стои?“, „Ништо не ми е“ - Работи што мажите ги мразат кај жените Кога зборуваме за животот на младите брачни парови, има многу работи во кои тие ...
11 знаци дека вашите кавги стануваат сериозен проблем во врската Невозможно е да бидете во брак или врска, а никогаш да не се скарате. Сите оние ...