6 обврски кои ги имате откако ќе помине возбудата по запросувањето

Ова е моментот што го чекавте. Вашиот партнер ви го постави судбоносното прашање, прстенот е на раката, а вие ќе се венчате. 

Se verivte Ova se nekolku raboti sto treba vednas da gi napravite 01

Иако сè изгледа нереално, ова навистина се случува. Постојат многу работи за кои ќе треба да размислите во наредните месеци, а ова се неколку работи на кои треба да ги направите речиси веднаш по веридбата:

Јавете им се на родителите

Не дозволувајте да заборавите да им кажете на вашите родители дека се веривте. Тие се последните луѓе што добрата вест би требало да ја дознаат преку социјалните мрежи или преку друг човек. Тие треба први да дознаат, а потоа и пријателите.  

Размислете за датумот на свадбата

Најпосакуваните датуми и локации за свадби се резервирани со месеци однапред, а понекогаш дури и години однапред. Имајте ги предвид сите поважни датуми на вашите блиски, во случај некој да не е тука тој период, а не сакате да го пропушти тој ден. Размислете добро и почнете со разгледување понуди. 

Истражете ги локациите

Ако сè уште не знаете каде би можеле да организирате прослава, направете мини истражување на интернет, по форуми и социјални мрежи, како и од искуствата на најблиските. Потоа контактирајте ги потенцијалните локали за да ја проверите достапноста и цените.

Se verivte Ova se nekolku raboti sto treba vednas da gi napravite 02

Одредете го бројот на гостите

Ова е нешто што мора да го имате предвид при изборот на локацијата. Направете план за поголема или помала свадба и направете список на гости.

Разговарајте за буџетот

Разговор за пари, за жал, никогаш не е пријатен. Сепак, ова е дискусија што не можете и не смеете да ја прескокнете.

Инспирација

Pinterest, Instagram и многу други социјални мрежи се одлични извори на инспирација. Направете фолдер каде ќе ги зачувате фотографиите што ви се допаѓаат, за да можете сами да решите како ќе изгледа вашата свадба. На овој начин ќе ви биде полесно да им објасните подоцна на другите што навистина сакате.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg