Женска конкуренција

zenska-konkurencija-povekjeСе случува: некоја жена да облетува околу вашиот партнер и бесрамно да флертува со него. Му се додворува пред вашите очи. Во таков момент повеќето...

 

...жени посакуваат физички да се пресметаат со бесрамницата или да направат сцена. Секако, повеќето жени знаат дека тоа и не е баш најдобрата тактика - еве што е поефикасно.

zenska-konkurencija

Една добра варијанта е да покажете супериорност. Преправајте се дека се работи за потполно безопасна ситуација: започнете со „ривалката“ потполно опуштена комуникација - така и покажувате дека сте сигурни во себе и во цврстината на својата врска со партнерот и дека таа нема ама баш никакви шанси.

Може да се случи „ривалката“ да не попушта. Во тој случај не е лоша идеја да наметнете тема на разговор.

Дискретно испитајте во што е таа добро упатена, а потоа почнете (и понатаму опуштено) теми во кои таа не може да учествува. Тоа за неа ќе биде многу непријатно и ќе и го намали „просторот за замавнување“.

Кога сме веќе кај просторот: можно е во ваква ситуација малку и да му се лутите на партнерот (зошто веќе еднаш не ја избрка оваа досадна жена?), но таа лутина немојте да ја покажете. Ако го направите тоа и давате простор на конкуренцијата да го теши.

Секако, ситни знаци за „обележување простор“, како што е прегрнување на партнерот-дозволени се.

Така и соопштувате на конкурентката „тој е мој“, ваков ситен знак на љубомора нема да му пречи на вашиот партнер- напротив, веројатно ќе мисли дека е многу секси (мажите, генерално не сакаат кога партнерката тотално ќе ја „искулира“ конкуренцијата и воопшто не реагира, бидејќи тоа ги наведува на помислата дека таа не е заинтересирана за нив).

Значи, само смирено и надмоќно и ќе се ослободите од наметливата конкуренција.

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg