Дали и колку ве променила вашата љубовна врска?

Колку и да звучи бесмислено, нашиот љубовен статус, односно фактот дали сме во љубовна врска или пак сме слободни, навистина влијае на нашиот изглед, а воедно и на здравјето.

dali-i-kolku-ve-promenila-vashata-ljubovna-vrska-01.jpg

Тим истражувачи од Австралија, од Универзитетот„Central Queensland“, анализирал податоци на 15.000 луѓе, собирани вкупно 10 години, и дошле до изобилство интересни информации.

Кога извлекуваат заклучоци за можни влијанија врз здравјето, лекарите обично се потпираат на податоци за возраста, полот и образованието, но веќе е јасно дека љубовниот статус е подеднакво важен фактор.

Постојат константни работи, кои остануваат непроменети без разлика на љубовната состојба на поединецот, како на пример секојдневните, задолжителни работни обврски, но времето поминато пред телевизија или нивото на физичка активност постепено се менуваат.

Веќе неколкупати е докажано дека паровите всушност живеат поздрави животи.

Еден од партнерите во 99% од случаите е во улогата на „грижлив родител“, кој постојано води грижа како за себе, така и за својот партнер.

Kolku-vashata-ljubovna-vrska-ve-promenila 02 630x774.jpg

Во понатамошните истражувања од Универзитетот „Central Queensland“ стои дека паровите јадат повеќе овошје и зеленчук, пијат помалку алкохол и помалку пушат цигари.

Колку се посреќни во врската, толку повеќе се стремат кон своето здравје, затоа што сакаат нивната врска да трае.

Од друга страна, покрај фактот што тие започнуваат поздрав животен стил, луѓето кои се во љубовна врска во повеќето случаи се здебелуваат.

И покрај тоа што јадат повеќе овошје и зеленчук, тие исто така при добро и релаксирачко филмче консумираат сѐ и сешто, вклучувајќи разни слатки, чипсови и други висококалорични оброци.

Истражувачите објаснуваат дека луѓето што се во врска се чувствуваат поудобно, затоа што не мора премногу да се трудат за да го привлечат својот партнер.

Kolku-vashata-ljubovna-vrska-ve-promenila 03 630x600.jpg

Доколку парот има деца, дополнителен фактор за зголемување на нивната тежина е дојадувањето на остатоците од детските оброци.

Годините поминати во врска, исто така имаат големо влијание – ако парот е во врска повеќе од две години, постои поголема шанса партнерите да се „збуцкаат“.

Еден од интересните наоди е фактот дека разведените мажи се опијануваат многу почесто, отколку во периодот додека се во брак, додека кај жените таквата промена на навиките ретко постои.

Од интраперсонална перспектива, љубовните односи ги користат и нашите предности и слаби страни.

Поради некоја причина, теоријата на Фројд е одлична за ова: романтичните односи истакнуваат точно каде треба да работиме на самите нас.

Тие нѐ охрабруваат да работиме на нашите најдлабоки и најстрашни несигурности.

Kolku-vashata-ljubovna-vrska-ve-promenila 04 630x792.jpg

Вистинскиот љубовен партнер „нè тера“ да го замениме она: „Што ако го сторам тоа и сепак не успеам?“ со размислувањето „Јас можам, ќе се трудам и ќе успеам“.

Тие ги намалуваат нашите стравови, а нивната поддршка е поттик за позитивниот резултат.

Имено, нам ни е предизвик да ги прифатиме нашите партнери онакви какви што навистина се, а неизводливо е тоа да се преклопи со начинот на кој тие се претставуваат.

Можеби веруваме дека тие можат да ја исполнат секоја наша потреба, но во реалноста постои само една личност што може да го стори тоа, а тоа сме самите ние.

Преку само-грижа, само-рефлексија и донесување квалитетни одлуки за вас и за вашата љубовна врска, доколку ја имате, можете да ги исполните сите ваши индивидуални потреби.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
5 знаци кои покажуваат дека сте во среќна врска, исполнета со доверба Не го проверувате парнтерот на секој половина час кога е излезен со друштво и не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg