Ако сте за еротски игри...

ako-ste-za-erotski-igri-povekjeНекои луѓе уште со самото спомнување на еротските игри помислуваат на некакви гадотии и перверзии и не сакаат да размислуваат за тоа; тоа се...

 

...оние кои сметаат дека сексот е валкан и дека се валкани сите кои уживаат во сексот.

Но, има и такви кои што уживаат во различни еротски игри.

Има и такви кои чувствуваат љубопитност кога ќе слушнат за еротските игри и можеби би биле заинтересирани, но малку им е срам. Се плашат од реакцијата на партнерот, или партнерката ако тоа го спомнат, а малку се плашат дека тие би можеле да се сложат па ќе треба тоа и да го пробаат, па ќе треба можеби да направат нешто што можеби и нема  да им се допадне.

ako-ste-za-erotski-igri

Затоа молчат, иако љубопитноста во нив расте – молчат и сонуваат. Ако и вие некогаш сте чувствувале вакви стравови и ваква љубопитност, еве кои се правилата (во недостаток на посоодветен збор).

Добро би било да ги следите, за во ниеден момент да не се исплашите или почувствувате непријатно.

За почеток, неопходно е да се договорите со партнерот или партнерката дека двајцата ќе бидете слободоумни. Ова не значи дека веднаш (или никогаш) ќе се приклучите на некакви оргии, тоа само значи дека двајцата ќе прифатите да ризикувате (не е лесно да се осмелите на глас да ги изговорите своите еротски фантазии), дека инхибициите ќе ги оставите пред вратата на спалната соба и ќе им забраните влез, и што е многу важно ќе го усвоите ставот – ајде да се забавуваме.

Ако целата работа не ја гледате пресериозно, ни како тешко етичко прашање, ниту како прашање на живот и смрт, ќе ви биде полесно да се опуштите и да уживате.

Исто така, неопходно е да се чувствувате сигурно. Смислете некоја фраза која ќе ви значи на двајцата „Престани, ова навистина несакам да го правам“ – така нема да дојдете во ситуација да правите нешто што вам ви е неприфатливо или одбивно, а нема да чувствувате ни вина ако ја одбиете фантазијата на партнерот/партнерката. Се подразбира дека двајцата имате потполно право да ја употребите фразата кога ќе имате потреба од тоа.

Уште една работа за која треба да се договорите во старт: колку и да сте блиски со пријателите или пријателките, колку и детали да делите со нив за својот живот, деталите за секси игрите премолчете им ги, освен ако имате експлицитна дозвола од својот партнер да ги прераскажувате доживувањата од спалната соба.

Во принцип, она што се случува во спалната соба би требало таму и да остане, не затоа што треба да се срамите од тоа што го правите, ниту пак затоа што тоа што го правите е срамота, туку затоа што се работи за вашата интима и интимата на саканата личност – а интимата треба да остане – интима.

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg