5 важни лекции што ќе ги научите после болно раскинување

Кога ќе ѝ ставите крај на една врска, нормално е да се чувствувате како да сте изгубиле огромен дел од вашиот живот. Но, има и добра страна – раскинувањето ќе ве научи на многу нешта.

5-vazhni-lekcii-shto-kje-gi-nauchite-posle-raskinuvanje-01.jpg

Ако сте имале неколку неуспешни врски, сигурно се прашувате зошто сте си дозволиле повеќепати да минувате низ истото.

Ако неодамна сте раскинале и сте сфатиле дека ги повторувате истите грешки, сега обрнете внимание и на лекциите:

Ќе научите зошто се помирувате со помалку отколку што заслужувате

Некогаш, луѓето кои се во врска не поставуваат граници и не зборуваат за она што им е потребно. Откако ќе раскинете, сигурно ќе си помислите зошто сте се справувале со лошото однесување на партнерот, а сега имате одлична можност да го најдете одговорот.

Размислете за врската и што е она што не ви се допаѓало кај партнерот. Помислете на моментите кога не ви покажувал почит и кога ве повредувал, и прашајте се зошто сте дозволиле да ви го направи тоа.

Можеби проблемот бил ниската самодоверба. Можеби ви било страв од последиците, а можеби причината е нешто сосема друго. Сега кога ќе го дознаете одговорот, ќе можете да го избегнете ова во идните врски.

Ќе сфатите дека постои и љубов што не е добра за вас

Врските можат да бидат комплицирани и не постојат пишани правила што и како треба да правите. Можеби сте биле вљубени во партнерот, но тоа не значи дека ова било „здрава“ љубов.

Секој има своја претстава за тоа како треба да изгледа љубовта, па партнерот можеби навистина бил вљубен во вас, но не се однесувал како што заслужувате.

Ова ќе ви помогне да сфатите дека може да постои и љубов што не е добра за вас.

5-vazhni-lekcii-shto-kje-gi-nauchite-posle-raskinuvanje-03.jpg

Ќе научите што сакате од една врска

После раскинувањето, време е да размислите за сè што ви се допаѓало и што не ви се допаѓало во врската. Ова се работи што најдобро се учат преку искуство.

Наместо да тагувате за раскинувањето, гледајте ја оваа неуспешна врска како лекција. Сега знаете што очекувате од една врска и во иднина ќе знаете што да барате од партнерот.

Ќе сфатите дека не можете да го промените партнерот

Без разлика колку сакате една личност, вие никогаш нема да ја промените. Секоја значајна промена доаѓа однатре и вие не можете да натерате никој да се претвори во друга личност.

Можеби сте ја започнале врската мислејќи дека ќе го промените партнерот и дури сега сфаќате дека тоа е невозможно.

Во иднина немојте да се надевате дека ќе промените некој и ако не ви се допаѓа личноста, воопшто не почнувајте врска.

5-vazhni-lekcii-shto-kje-gi-nauchite-posle-raskinuvanje-02.jpg

Ќе сфатите дека можете да преживеете сè

Раскинувањата не се воопшто лесни и некој период сигурно ќе се чувствувате многу тажно.

Но со текот на времето болката ќе исчезне и вашиот живот ќе се врати во нормала. Тогаш ќе сфатите дека сте многу посилни отколку што мислите и дека можете да надминете сè. Всушност, раскинувањето не е крај на светот.

Само важно е да не мислите дека врската ви го потрошила времето. Можеби врската имала тажен крај, но од неа дефинитивно сте научиле многу.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg