Холивудски секс митови (2)

holivudski-seks-mitovi-2-povekjeМногумина сакаат филмови со секс сцени (не зборуваме за порно филмови, туку за филмови во кои има и сексуален однос). Тоа е во ред, многу од...

 

...тие филмови се добри, или барем пружаат добра забава, само што не е баш добра идејата од нив да се учи како треба да изгледа сексот, бидејќи даваат погрешна претстава.

Во продолжение на првиот дел, ова се уште неколку митови:

holivudski-seks-mitovi-2

4. Сексот секогаш води до симултан оргазам. Во реалноста, тоа речиси никојпат не се случува. Ниту пак е проблем што не се случува, ниту пак правите нешто погрешно.

5. Никој не користи кондом, дури и кога е во прашање врска за една ноќ. И никој потоа не забременува, ниту пак добива некоја сексуално преносливо заболување. Исклучок е филмот „Knocked up“, кој баш зборува за несакана бременост како последица на секс без соодветна заштита.

Лошиот резултат на таквите филмови е што жените повеќе се двоумат да побараат од партнерите да користат кондом, а и тие, откако се изнагледале филмови полни со секс без заштита, добиваат слика дека е сосема во ред ако не користат кондом. Ѕвездите тоа не го практикуваат, не прават проблем околу тоа, па зошто тогаш да се употребува кондом?

6. Сите изгледаат убаво за време на сексот. Не велиме дека луѓето за време на сексот изгледаат лошо, но на филмот се совршено сензитивни, нема чудни гримаси, шминка и фризура во совршен ред, дури и ако е нешто непланирано жените секогаш имаат секси долен веш...

Всушност, несовршеноста е она во што повеќе се ужива, бидејќи имате впечаток дека водите љубов со вистинска личност од крв и месо, а не со кукла на дување.

7. Сексот во стоечка положба е совршен. Не е. Тој мора да ги свитка колената, пенисот секој час му излегува надвор, неудобно им е и напорно на двајцата, тешко наоѓаат наслон, во повеќе случаи има проблем со различната височина на партнерите, па таквиот секс е уште потешко да се изведе.

Сексот во стоечка позложба за време на туширање може да биде и полош ако некој се лизне во кадата или во незгоден момент открие дека држачот за сапун и не е баш така цврсто закачен како што му/и се чинело.

8. Фрижидерот и колачите се супер „зачин“ за секс. Не баш. Ако сакате взаемно да се раните со чоколадо, може. Резулататот при експерименти со чоколаден сируп или мед кој би требало взаемно да го излижете е лепливост. Ни шлагот не дава подобри резултати. Решение: не мешајте го сексот и слатките, прво консумирајте секс потоа слатки.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg