Љубовни освежувања

ljubovni-osvezuvanja-povekjeЉубовта е непресушна инспирација. Секој од нас се труди со свеж и трезен поглед на светот да ги открие јавните, приватните и тајните...


... вистини за љубовта. Порано, или подоцна се јавува нагонска потреба љубовта да се освежи со воведување на разни промени. Некогаш треба да се запрашаме дали е воопшто можно да се сочува љубовта без нечие жртвување, или самоодрекување.

Жените мислат дека тие секогаш жртвуваат повеќе, за другите, не за себе. Мажите го тврдат истото, ако воопшто некој ги праша.

Би требало да се апелира и на мажите и на жените да се откажат од своите жртвувања и страдања во животот. Тоа е непотребен товар за оној што се жртвува, како и за оној за кого претерано се грижи.

ljubovni-osvezuvanja

Векот во кој живееме од нас бара да ги укинеме жртвувањата кои никој од нас не ги бара, а ние ги повторуваме по инерција од претходните времиња. Сето тоа ги загрозува нашите животи.

Од љубовта кон себе почнуваат сите други видови љубов. Ако не се сакаме доволно себеси, нема да ги сакаме ни другите, ни работата, ни бракот, ни семејството, земјата во која живееме. Напротив, ќе ги мразиме сите и сè што ни е наметнато против нашата воља, како нешто што во нас ќе разбуди длабоко и болно незадоволство.

Ако од своето формирање сме се бореле за љубов, не можеме сега да се бориме против неа. Мораме да се прилагодуваме, без разлика на брзината и на немилосрдниот ритам на третиот милениум.

Како се освежува љубовта?

Дали недостатокот на свежина во љубовта е причина за незадоволство и осаменост во современиот свет? Да бидеме искрени, монотонијата во која се запаѓа во долгите врски е неминовна. Никој тоа не го избегнал.

Сепак, има такви што успеале да и се спротивстават и да ја победат. Би требало да го пронајдеме и нашето име на таа листа.

Би можело да ве интересира:

Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg