Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што треба да знаете за мажите

8-nesta-koi-treba-da-gi-znaete-za-mazite-povekjeНе секогаш ги имаме предвид оние разлики меѓу мажите и жените кои не се очигледни. Токму поради тоа овие 8 работи ќе ве изненадат, или уште подобро...


...ќе ве доведат до многу подобар однос со вашиот партнер.

8-nesta-koi-treba-da-gi-znaete-za-mazite

1. Мажите повеќе би сакале да не се сакани, отколку непочитувани и неценети. Мажот мора да знае дека неговата жена го почитува и приватно и јавно. Исто така, сакаат нивната жена потполно да им верува и да им се восхитува. Повеќето мажи полесно би го прифатиле фактот дека жената престанала да ги сака, отколку дека престанала да ги почитува.

2. Лутењето на мажите најчесто е поврзано со чувството на непочитување. Кога мажот ќе се налути на својата жена, никогаш нема да го чуете да каже „не ме почитуваш доволно“, но во повеќето случаи, тоа е причината за лутењето. Веројатно неговата жена направила нешто поради кое тој се чувствува понижен.

3. Мажите несигурни? Мажите се плашат дека нема да ги исполнат очекувањата, не само на работа туку и дома. Секако тоа никогаш не би го кажале на глас, но некаде длабоко во себе тие се многу ранливи по тоа прашање. За мажите, одобрувањето на тоа што го работи, од страна на жената - значи сè. Ако не добие одобрување и потврда, никогаш нема да биде среќен и веројатно ќе ја бара на некое друго место.

4. Мажите не сакаат да ги сожалувате. Мажите мораат да се чувствуваат пожелно. Затоа жените не треба да ги одбиваат.

5. Сексот на мажите им значи многу повеќе од само секс. Кога мажот се чувствува пожелно тоа добро чувство се протега на сите негови животни подрачја. Тоа ќе му ја зголеми самодовербата и обратно. Доколку се чувствува непожелно тоа ќе се одрази на се друго со што се занимава.

6. Мажите се борат со визуелни искушенија. Тоа значи дека повеќето мажи одговараат на визуелни дразби кога се жените во прашање. Дури и најверниот маж не може, а да не погледне жена која пред него ќе се прошета во кратка сукњичка и длабоко деколте. Но, може да одлучи дали таа слика истиот момент ќе ја отфрли или ќе ја задржи и ќе се обиде да ја реализира сексуалната дразба.

7. На мажите им е важно како изгледа жената. Тоа не значи дека сите мажи сакаат сопругата да им изгледа како супермодел, туку сакаат да знаат дека нивната сопруга се потрудила да се среди, дека не се запуштила. На тој начин знаат дека таа се грижи и за него.

8. Мажите сакаат нивната сопруга да знае дека ја сакаат. Иако ретко ги искажуваат чувствата, сакаат нивната поубава половина да се чувствува сакано.

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
14 потсетници за сингл жените, во пресрет на Денот на вљубените Кога сте сингл, можете целосно да си се посветите на себе – искористете го ова. ...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...
Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg