Што не се кажува пред неа?

shto-ne-se-kazuva-pred-nea-povekjeСекој маж кој барем малку држи до себе, мора да знае дека некои работи треба да се задржат за себе. Бидејќи довербата е клуч за успехот на врската...


...така и чувањето тајни е уште еден од пресудните елементи на здравата врска. Тука ви наведуваме некои работи кои мажот, ако воопшто е тоа можно, треба да ги задржи за себе.

shto-ne-se-kazuva-pred-nea

Не покажувајте колку заработувате. Било да сте задолжени како Грција или сте во плус, никогаш не смеете тоа да го покажете. Иако партнерите во секоја врска по некое време имаат прилично прецизен увид во финансиите на партнерот, многу мажи во старт прават грешка, па ако имаат пари тоа го трубат на цел глас, или ако се без денар во џеб лажат па налетуваат на некоја спонзоруша која или ќе ги доведе на просјачки стап или ќе ги „откачи“ штом дознае дека дечкото и е без динар в џеб.

Мажите мораат да ги сокријат чувствата. Вистинскиот маж не плаче. Ако и плачете во соба, добро заклучете ја вратата, а крвавите очи оправдајте ги со возење на сузуки без кацига. Вистинскиот маж мора да глуми бесчувствителен киборг бидејќи во врската, жените се тие што мора да плачат и да покажуваат чувства. Тоа непишано правило на природата и таа рамнотежа не смее да се наруши.

Ни случајно не покажувајте кулинарски вештини. Секој маж мора да знае да готви, а секој вистински маж тоа ќе го сочува како своја тајна. Доколку покаже дека знае да готви, „готов е“ ќе прави ручек до крајот на животот, а жената суптилно ќе му кажува дека тој готви подобро од неа. Секој маж мора сам да се грижи за месото, оганот и пивото што се неизоставен дел на правењето скара.

Немојте да лажете пред неа. Било да лажете полицаец кој ве сопира или некого на телефон, колку и да сте добри во тоа... немојте да го покажувате пред неа. Зошто? Па ако успеете да го излажете полицаецот, таа ќе се запраша колку пати неа сте ја излажале, а таа ви поверувала. Ако баш морате да излажете пред неа, тогаш вклучете ја и неа  во лагата за да ја поделите вината.

Не покажувајте ја колекцијата на порнографија пред неа. Добро сокријте ја! Иако сите мажи од време на време гледаат порно филмови, нема потреба да и покажувате каде ви стои компилацијата на собрани дела...порно филмови. Иако тоа е ок од ваша страна, штом се открие залихата на порнографија, вие сте сместени во рангот на перверзници.

Зачестеност на мастурбацијата. Тоа е нешто како размислувањето за сексот на вашите родители. Знаете дека морале барем еднаш да се сексаат, но сакате да мислите дека не е така. Така е и со мастурбацијата, жените знаат дека тоа го правите понекогаш, но секоја информација за тоа е премногу, а камоли да ја знаат зачестеноста, квалитетот и слично. Тоа задржете го за себе.

Подароците што ви ги дале бившите девојки немојте да ги покажувате. Сè што ви подариле бившите можете да ги користите колку што сакате до оној момент додека сегашната не знае дека тоа ви се подароци од бившите. Тогаш сите предмети стануваат непотребни и неупотребливи.

Тајните на вашите пријатели. Тајните на вашите пријатели секако мора да ги држите за себе. Иако тие не се баш во ред, вашата девојка не смее да знае за работите што само вие ги знаете бидејќи жените по природа се зборливи и може да се издадат пред нивната девојка и ...ете беља. Штитете го грбот на пријателите, па и тие ќе го штитат вашиот.

Можеби и вие имате нешто да додадете...

Би можело да ве интересира:

5 секс пози под туш кои ќе ви го зачинат љубовниот живот (18+) Топла вода, опоен мирис на гелот за туширање и страст - дали сте пробале секс по...
Секс поза „вагон“ – за оние кои сакаат да фантазираат за време на интимниот чин (18+) Доколку сте од оние кои сакаат да фантазираат за време на интимните мигови, оваа...
„Мрзливо куче“ – Секс поза со која задоволството ќе трае со часови (18+) Сите знаат за брзата „кучешка“ поза, но постои и друга малку побавна верзија, ко...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
„Шефица“ и уште 3 идеални пози за секс набрзина, кога немате премногу време (18+) Кои секс пози се одлични за набрзина, кога немате премногу време, а морате да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg