6 карактеристики кај жените од кои би избегале и најтрпеливите мажи, низ илустрации

Љубомора, ароганција, желба за контрола - некои работи не би ги поднесле ни најтрпеливите мажи на светот.

6-karakteristiki-kaj-zhenite-od-koi-bi-izbegale-i-najtrpelivite-mazhi-niz-ilustracii-01.jpg

Иако според она што го гледаме во филмовите и што го читаме во љубовните романи љубовта треба да биде безгрижна и лесна, во реалноста важи спротивното.

За една врска да биде успешна, и вие и партнерот треба да го дадете најдоброто од себе. Треба да сте подготвени да покажете разбирање во сите ситуации, дури и кога не ви се допаѓа нешто. И двајцата морате да вложите многу труд ако сакате врската да трае.

Но, со некои луѓе едноставно нема разбирачка, па колку и да се трудите, врската може да биде осудена на пропаст. Дури и да сте лудо вљубени во партнерот, ако тој е постојано љубоморен, арогантен и слично, кога-тогаш ќе кренете раце.

Во продолжение погледнете кои лоши карактеристики ќе го „избркаат“ дури и најтрпеливиот маж:

Љубомора

Нормално е одвреме-навреме да чувствувате доза љубомора, но тоа не треба да ви стане опсесија. Ако сте љубоморни секојпат кога партнерот ќе почне разговор со друга жена, ако сте љубоморни на неговите пријателки или колешки само затоа што се жени, ако сте љубоморни кога само покажува почит кон други жени, врската нема да трае уште долго.

6-karakteristiki-kaj-zhenite-od-koi-bi-izbegale-i-najtrpelivite-mazhi-niz-ilustracii-02.jpg

Ароганција

Ако партнерот ви „симнува ѕвезди“ и прави сè вас, но вие никогаш не сте задоволни и постојано сте дрски и арогантни, бидете сигурно дека кога-тогаш тој ќе ве напушти.

Сите сме подготвени да ги трпиме и лошите страни на партнерите што ги сакаме, но секој си има граница.

6-karakteristiki-kaj-zhenite-od-koi-bi-izbegale-i-najtrpelivite-mazhi-niz-ilustracii-03.jpg

Постојано зборување за брак

Бракот е сериозна одлука и ако еден од партнерите не се чувствува подготвен за тоа, другиот не би требало да врши притисок.

Ако постојано му зборувате на партнерот за брак, семејство или деца, иако тој ви кажал дека не е подготвен, само ќе си ја уништите врската.

Не заборавајте дека само затоа што партнерот не е подготвен за брак, не значи дека не ве сака или дека не гледа иднина со вас. Ова е сепак голем чекор и на некои луѓе им треба време да размислат.

6-karakteristiki-kaj-zhenite-od-koi-bi-izbegale-i-najtrpelivite-mazhi-niz-ilustracii-04.jpg

Егоцентричност

Во врската е важна и меѓусебната почит, па ако вие се фокусирате само на себе и никогаш не ги земате предвид чувствата, потребите и мислењата на партнерот, немојте да се чудите ако ве остави.

Некогаш мора да се ставите на второ место и да направите компромис – само вака ќе му покажете на партнерот дека вистински го цените.

6-karakteristiki-kaj-zhenite-od-koi-bi-izbegale-i-najtrpelivite-mazhi-niz-ilustracii-05.jpg

Желба за контрола

Иако сте во врска, и вие и партнерот сте посебни личности со различни интереси. Само затоа што сте заедно не значи дека вие имате право да го контролирате секој аспект од животот на партнерот.

Ако си давате слобода вие да одлучувате за партнерот или сметате дека само вие треба да носите одлуки што ве засегаат и двајцата, само ќе го оттурнете од себе и ќе останете сами.

6-karakteristiki-kaj-zhenite-od-koi-bi-izbegale-i-najtrpelivite-mazhi-niz-ilustracii-06.jpg

Набивање вина

Ова е слично со желбата за контрола. Дали суптилно му набивате вина на партнерот кога ќе направи нешто што не ви се допаѓа? Односно кога ќе направи нешто што не е погрешно, но вам ви пречи? Тогаш бидете сигурни дека наскоро ќе останете сами.

Ако ви пречи нешто во однесувањето на партнерот, разговарајте за тоа. Немојте да првите да се чувствува виновно, особено ако нема никаква причина.

6-karakteristiki-kaj-zhenite-od-koi-bi-izbegale-i-najtrpelivite-mazhi-niz-ilustracii-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg