Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не го „гушете“ кога излегува сам – Како да станете девојка од соништата на мажите?

Навистина е лесно да му кажете на партнерот дека го сакате, но дали и колку често го покажувате тоа?

kako-da-mu-pokazhete-na-partnerot-deka-vistinski-go-sakate-bez-da-kazhete-nitu-zbor-niz-ilustracii-01.jpg

Некогаш, ситниците што ги правите за вашиот партнер можат да бидат многу помоќни од фразата „Те сакам“. Некои ваши постапки можат да му покажат на партнерот дека вистински го сакате, без притоа да кажете ниту збор.

Па, како да му покажете на партнерот дека вистински го сакате и се грижите за него?

Давајте му простор

Нормално дека сакате да минувате многу време со партнерот, но факт е дека и на двајцата ви треба малку простор и време само за себе.

После напорниот работен ден, секој би сакал малку време за себе. Ако вие и партнерот го почитувате ова и си давате доволно простор да ги наполните батериите, тоа дефинитивно е добар знак.

kako-da-mu-pokazhete-na-partnerot-deka-vistinski-go-sakate-bez-da-kazhete-nitu-zbor-niz-ilustracii-02.jpg

Внимателно слушајте кога разговарате

Дури и ако партнерот зборува за нешто што не ви е интересно, обидете се да го слушате внимателно. Ако ви зборува за нешто што не го разбирате најдобро, немојте да го избегнувате разговорот, туку прашувајте, научете нешто за таа тема и покажете заинтересираност за интересите на партнерот.

На сите ни е потребна личност со која можеме да ги споделиме деталите од нашиот ден, нашите проблеми и грижи и нашите новости, па осигурете се дека вие ќе бидете таа личност за вашиот партнер.

kako-da-mu-pokazhete-na-partnerot-deka-vistinski-go-sakate-bez-da-kazhete-nitu-zbor-niz-ilustracii-03.JPG

Не замерувајте кога партнерот сака да излезе само со пријателите

И вие и партнерот не треба да ги заборавите вашите пријатели само затоа што сте во сериозна врска. Сосема нормално, но и потребно, е и двајцата да излегувате со други луѓе и да ги одржите врските со вашите блиски.

Па, кога партнерот ќе ви рече дека сака да оди на пијачка со пријателите, немојте да се лутите, туку покажете поддршка.

kako-da-mu-pokazhete-na-partnerot-deka-vistinski-go-sakate-bez-da-kazhete-nitu-zbor-niz-ilustracii-04.jpg

Обрнете внимание на ситниците

Дури и најмалите нешта можат да му покажат на партнерот колку го сакате и колку се грижите за него. Купете му ја омилената храна на партнерот, измијте ги садовите кога тој е уморен, изненадете го со едноставна романтична вечера… Ова се работи кои нема да ви одземат многу време и енергија, но дефинитивно ќе му покажат на партнерот дека вистински го сакате.

kako-da-mu-pokazhete-na-partnerot-deka-vistinski-go-sakate-bez-da-kazhete-nitu-zbor-niz-ilustracii-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg