9 симптоми дека чувствувате анксиозност во љубовната врска

„Не ме сака доволно“, „Не му/ѝ верувам“... Ве прогонуваат ли вакви мисли постојано?

9-simptomi-deka-chuvstvuvate-anksioznost-vo-ljubovnata-vrska-01.jpg

Чувствувањето на мала доза анксиозност кога сте во врска може да биде нормално и не е лош знак.

Но, кога таа анксиозност е силна до степен на преоптовареност, тогаш се создаваат проблеми. Почнувате да верувате во проблеми кои всушност не постојат, се грижите за работи кои не постојат, го притискате партнерот и ја уништувате врската.

Нил Вилки е психотерапевт за врски кој за магазинот Metro вели дека високото ниво на анксиозност може да направи луѓето да имаат ирационални мисли за нивната врска.

Тој ги кажува симптомите за доколку ги препознаете кај себе да знаете да сфатите дека треба да работите на себе.

Симптоми за анксиозност во врската:

„Не ме сака доволно.“

Во ваков случај запрашајте се кој доказ го имате за ова? Некои луѓе едноставно изразуваат љубов на поинаков начин, порачува Нил.

„Не сум доволно добар/а.“

Ниската самодоверба може да влијае на тоа како се гледате себеси во врската. Напишете листа со 10 работи кои ги сакате кај себе и кажете му на партнерот да го стори истото.

„Не сум ѝ/му важен/а.“

Колку се чувствувате сигурно во врската? Побарајте нешто специфично од личноста со која што сте и видете како ќе реагира на тоа, така ќе дојдете до заклучок дека таа всушност се грижи за вас.

„Се разидуваме.“

Ова може да е само во вашата глава, но ако навистина го чувствувате тоа, организирајте повеќе заеднички забавни активности и разговарајте отворено со партнерот.

„Нешто не е во ред.“

Важно е да им верувате на инстинктите, па затоа разговарајте со партнерот за комуникацијата, довербата и за тоа во какви насоки растете двајцата.

9-simptomi-deka-chuvstvuvate-anksioznost-vo-ljubovnata-vrska-02.jpg

„Не ме слуша ништо.“

Бидете прво вие внимателен слушател, па потоа побарајте го тоа од него. Добрата комуникација е основата.

„Не му/ѝ верувам.“

Ако некогаш довербата била скршена, навистина е тешко да се врати, но многу е голема веројатноста сè да е само во вашата глава.

„Тој/таа се промени.“

Промената е нормална, особено ако сте долго време заедно, луѓето растат и се менуваат и тоа не треба да ве изненадува.

„Не сме компатибилни.“

Сосема е нормално што сте различни луѓе со различни интереси, единствено проблем може да постои ако не се согласувате за некоја заедничка активност која е важна за двајцата, како сексот на пример.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg