5 негативни последици од мастурбацијата за кои треба да знаете (18+)

Сексуалната мастурбација односно самозадоволувањето има многу позитивни придобивки. Меѓутоа, во некои случаи, постојат и неколку негативни ефекти кои треба да се имаат на ум.

ne-e-sekogas-bezopasno-uzivanje-5-negativni-posledici-od-masturbacijata-za-koi-treba-da-znaete-1.jpg

Иако отсекогаш била табу-тема, мастурбацијата е сосема природна работа. Историските извори сведочат дека ја практикувале старите Грци и Римјани, па дури и на цртежите во пештери од праисторискиот период може да се најдат прикази на мастурбација.

Позитивните аспекти на мастурбацијата се познати, а во дел од нив спаѓаат: (само) задоволство, ослободување од стрес, опуштање, ослободување од грчеви во мускулите, поквалитетен сон и сексуален живот, остварување на сопствените желби

Но, далеку од тоа дека мастурбацијата нема никакви негативни ефекти, бидејќи таа може лошо да влијае на секојдневниот и сексуалниот живот (во некои случаи):

Чувство на вина

Една од најчесто споменуваните последици од мастурбацијата е нејзиното психолошко влијание, односно чувството на вина кое често ја придружува.

Иако овој вид на сексуално задоволство не е ниту погрешен ниту неморален, многумина сепак сè уште го гледаат како грешен или срамен чин.

Зависност

Во некои случаи, мастурбацијата може да доведе до зависност, на начинот сличен како со наркотици или алкохол. Доколку сте забележале дека поради мастурбација прескокнувате некои секојдневни активности или обврски, отсуствување од работа, откажувате планови во последен момент и слично, голема е веројатноста дека имате проблем кој бара разговор со стручно лице.

Полош сексуален живот

Постојат ретки, но можни случаи кај луѓе на кои мастурбацијата им го нарушува секојдневниот сексуален живот и повеќе би сакале да поминуваат време со себе и со порно филмови отколку со партнерот(ите), или повеќе не можат да го достигнат истото задоволство со друга личност како кога мастурбираат сами.

ne-e-sekogas-bezopasno-uzivanje-5-negativni-posledici-od-masturbacijata-za-koi-treba-da-znaete-2.jpg

Физички проблеми

Во екстремни случаи на мастурбација, особено кај луѓе кои се зависни, може да се јави болка и модринки во пределот на гениталиите, едем на пенисот итн.

Оддалечување од партнерот

Доколку сте во врска и претерано мастурбирате, особено ако користите порно содржини како стимуланс, можете да ја уништите вашата емотивна врска со партнерот.

Бројни студии покажуваат дека филмовите за возрасни можат да го подобрат сексуалниот живот на двојката – без разлика дали ги гледате заедно за подобро искуство во креветот или одделно за да научите нешто.

Меѓутоа, доколку претерате со изложувањето на таква содржина, можно е емотивно оддалечување од партнерот бидејќи тоа создава нереални очекувања и ја намалува самодовербата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg