Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто не се јавуваат?

zosto-ne-se-javuvaat-povekjeРече дека ќе се јави, но не се јавува. Изненадени? Не , не сте изненадени, но сепак се прашувате, зошто? Мажите ќе ви понудат најразлични објаснувања.


Ако бил пијан, баш и не се сеќава на жената чиј број земал. Во таква состојба често го губат ливчето со бројот.

Некои мажи составуваат листи како: „досадно ми е“ или листа во случај на опасност“. Нема да ги слушнете наредните неколку недели, но во последен момент ќе ве повикаат на забава, месеци откако ви го зеле бројот.

zosto-ne-se-javuvaat

Други пак собираат броеви за да ја зголемат самодовербата. И немаат намера да се јават, дури и не им се допаѓа девојката чиј број го побарале – едноставно сакаат да видат дали е таа заинтересирана за нив.

Верувале или не, искуството со жени кои ќе им дадат погрешен број на телефон умее да боли. По неколку такви ситуации, ќе се запрашаат дали и вие лажете и нема да сакаат да го проверат бројот.

Понекогаш тие го бараат бројот, затоа што не умеат тактично да го завршат разговорот. Не се осмелуваат да изговорат: „Ми беше мило што се запознавме“, и да си отидат.

Се будат наредното утро и помислуваат како ја сретнале девојката од соништата, но се далеку под нејзиното ниво. Се спасуваат од маките така што не и се јавуваат, затоа што во спротивно таа би требала да смислува начин како да ги одбие.

Да се разбереме, кога ќе ви побараат број, најверојатно им се допаѓате – во тој момент и на тоа место. Но, следниот повик или пак она што следи бара повеќе труд: вечера, состанок, следен состанок (кој нема да се случи ако не ви се јават повеќе пати)...па трет состанок.......и веќе и не знаат дали толку многу им се допаѓате.

Ако ви побарат телефон или мејл, не се сигурни дека сакаат повторно да ве видат. Ако навистина сакаат нареден состанок, директно ќе ве прашаат дали може повторно да се видите.

На ова гледајте вака: да се даде или пак добие нечиј број е како ставање на паричка во џек пот автомат. Можеби нема да ви се исплати ни вам ниту нему, но тоа е многу забавна и безопасна игра.

Што можете да изгубите – освен една паричка?

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Најлошата врска во животот ќе ти биде со маж кој не се кае (што те повредува) Најлошата врска во твојот живот ќе ти биде со маж кој не се кае што те повредува...
10 работи што ги прави партнерот кој ве цени и вистински ве сака Си ги признава грешките, ви дава комплименти и секогаш знае како да ве изненади ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
5 карактеристики кои успешните мажи ги бараат кај жената на нивниот живот Само жена со свои интереси и амбиции може да го поттикне интересот на силен и пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg