Како да му помогнете на партнерот кој страда од анксиозност?

Не заборавајте дека за да се надмине анксиозноста, неретко е потребна професионална помош, па не очекувајте вие да го „излечите“ партнерот. Некогаш е доволно само да го ислушате и да покажете разбирање.

pokazhete-razbiranje-ne-ja-zaboravajte-grizhata-za-sebe-kako-da-mu-pomognete-na-partnerot-koj-strada-od-anksioznost-01.jpg

Доста често анксиозноста е нарекувана болеста на модерното време. Поради стресниот начин на живот, сè повеќе и повеќе луѓе се соочуваат со ова нарушување кое може да има негативни последици на сите аспекти од животот.

Анксиозноста е нарушување кое може да се надмине со помош од професионалец и промена на некои животни навики. Но, додека често слушаме и читаме совети за лицата кои страдаат од анксиозност, забораваме да се фокусираме на партнерите на овие лица.

Ако имате партнер кој страда од анксиозност, голема е веројатноста честопати да не знаете како да постапите и како можете да му помогнете.

Ако сте во ваква ситуација, можеби ќе ви помогнат следниве совети:

Не заборавајте за кого се борите

Вистина е дека справувањето со партнер кој страда од анксиозност може да биде навистина тешко, но во овие мигови не заборавајте за кого се борите.

Штом го сакате вашиот партнер, продолжете да му помагате, бидете тука за него во најтешките мигови и кога конечно ќе се чувствува подобро, ќе сфатите дека целата борба навистина вредела.

Некогаш треба само да слушате

Луѓето кои страдаат од анксиозност неретко се плашат и од ситуации кои најверојатно никогаш нема да се случат. Токму овој нерационален страв ја прави анксиозноста проблематично нарушување.

Во ваквите ситуации веројатно ќе сакате да му докажете на партнерот дека неговите стравови се неосновани. Но, некогаш е многу подобро само да го ислушате.

Дозволете му да ги сподели неговите грижи, без разлика колку нереално ви изгледаат, и пробајте да покажете разбирање.

pokazhete-razbiranje-ne-ja-zaboravajte-grizhata-za-sebe-kako-da-mu-pomognete-na-partnerot-koj-strada-od-anksioznost-02.jpg

Не му кажувајте дека претерува

За вас, грижите на партнерот можеби изгледаат нерационално, но во неговата глава се многу реални. Затоа, избегнувајте да му велите дека претерува или си измислува работи бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата.

Потребно е време за партнерот да се ослободи од нерационалниот страв, а обвинувањето од ваша страна нема да биде од никаква помош.

Не заборавајте дека партнерот ви верува, но неретко чувствува страв

Анксиозноста ги тера луѓето да избрзуваат со заклучоци, па поради ова некогаш може да ви се чини дека партнерот не ви верува.

Ако, на пример, спомнете некој бивш партнер, поради анксиозноста, сегашниот партнер веднаш ќе почне да си ги замислува најлошите сценарија – како неверство – и додека да сфати дека избрзал со заклучокот, може да изгледа како да не ви верува.

Луѓето со анксиозност се свесни за ова и пробуваат да го контролираат, но не секогаш ја имаат потребната сила.

Во ваквите ситуации бидете трпеливи и никогаш не заборавајте дека партнерот ви верува.

pokazhete-razbiranje-ne-ja-zaboravajte-grizhata-za-sebe-kako-da-mu-pomognete-na-partnerot-koj-strada-od-anksioznost-03.jpg

Не го оставајте во неизвесност

Избегнувајте да му велите на партнерот „Подоцна сакам да разговараме за нешто“ или што било слично што ќе го држи во неизвесност.

Имајте на ум дека анксиозноста ќе ја направи неизвесноста неподнослива и партнерот ќе мисли на најлошото додека да дојде време да разговарате.

Прифатете ги неговите извинувања, дури и кога не ги разбирате

Лицата со анксиозност се премногу свесни за нивните постапки и постојано стравуваат дека ќе ги повредат другите, особено саканите.

Па, доколку вашиот партнер го има ова нарушување, немојте да се изненадите ако ви се извинува за работи што вам ви се чинат безначајни.

Во овој случај само прифатете го извинувањето бидејќи партнерот навистина го мисли тоа.

pokazhete-razbiranje-ne-ja-zaboravajte-grizhata-za-sebe-kako-da-mu-pomognete-na-partnerot-koj-strada-od-anksioznost-04.jpg

Бидете свесни дека не можете секогаш да бидете од помош

Анксиозноста е нарушување што може да се надмине со соодветна терапија, но за ова е потребно време.

Не заборавајте дека вие самите не можете да ја излечите анксиозноста на партнерот и единствено треба да покажете разбирање и да му ја дадете потребната поддршка.

Грижете се за себе

Анксиозноста на партнерот секако дека ќе има влијание врз вас, па не заборавајте ја грижата за себе.

Одвојувате време за релаксирачки активности, хранете се здраво, вежбајте и, ако има потреба, и вие консултирајте се со професионалец кој ќе ви помогне полесно да се справите со ситуацијата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg