„Ја фатив жена ми како се допишува со бившиот - што да правам?“

„Кога мојата сопруга почна да се однесува таинствено, се посомневав дека можеби има афера со некој што го сретнала онлајн...“

ja-fativ-zhena-mi-kako-se-dopishuva-so-bivshiot-shto-da-pravam -01.jpg

Маж се обраќа поради проблемот во неговиот брак до експертот за врски во магазинот „TheSun“.

„Кога мојата сопруга почна да се однесува таинствено, се посомневав дека можеби има афера со некој што го сретнала онлајн.

Последната работа што очекував дека може да се случи е да контактира со поранешниот сопруг.

Во брак сме 15 години. Јас имам 48, а таа 47 години.

На почетокот од 20-тите таа се омажила за љубовта од детство, но вели дека биле премлади и сè се распаднало по неколку години.

Тој ја изневерил и ја повредил многу со тоа, а по разводот се преселил во странство и немале контакт.

Но, во последните две години таа е многу нерасположена и некако далечна од мене. Мислев дека е средовечна криза, но гледам дека постојано е на телефон.

Знам дека е погрешно, но минатата седмица додека се тушираше ѝ ги проверив пораките и сфатив дека се допишува со маж, токму тоа од кое стравував. Но, бев шокиран кога дознав дека тоа е нејзиниот поранешен сопруг. Тој ѝ делел комплименти, ја нарекувал убава и се потсетувале на минатото кога биле млади.

Беше јасно дека имале и неколку тајни средби, кога мислев дека таа е на работа.

Мислам дека не спиеле заедно, но верувам дека е само прашање на време, тој е сингл по уште еден развод.

Сега, не знам дали треба да се соочам со неа за тоа што го дознав или да молчам.

Иако нема афера, таа ме лаже. Никогаш не спомна дека се повторно во контакт.“

Експертот за врски од магазинот „TheSun“ советува:

„Да ја нарушиш туѓата приватност, ретко е паметен потег во животот. Тоа дефинитивно може да поттикне конфликт.

Но, сега кога знаеш дека таа крие работи од тебе, треба да кажеш нешто за да си ја смириш психата.

Можеби наместо да ја обвиниш, подобро е да ѝ дадеш простор сама да си каже. Поттикни ја така што ќе ѝ кажеш дека гледаш колку е несреќна и дека си забележал колку многу време минува на телефон. Прашај ја што се случува.

Ако не признае, тогаш кажи ѝ дека знаеш дека комуницира со поранешниот сопруг.

Можеби ѝ годи неговото внимание, затоа што чувствува дека нешто недостига во вашиот брак.

Можеби треба да поработите на бракот и да ѝ разјасниш дека ја сакаш и сакаш да го средите односот.

Добро погледни како изгледа вашата врска и осигурај се дека не правиш нешто погрешно.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg