Нема компромис, само секс и его – 9 модерни причини зошто луѓето денес се „гладни“ за љубов

Современото општество ги промени правилата за наоѓање партнер, природата на љубовните врски, но и самата дефиниција за љубов. Иако повеќе од 80% од луѓето го навеле задоволителниот однос со партнерот како еден од темелите за лична среќа, никогаш претходно повеќе луѓе не биле сингл.

9-moderni-pricini-zosto-lugjeto-denes-se-gladni-za-ljubov-01.jpg

Колку и да звучи контрадикторно, се чини дека зголемувањето на слободата на избор и идеалот „да не се задоволуваме со помалку“, односно со каква било врска само за да се биде во некаква, резултира со сè помалку задоволни парови, а сè повеќе луѓе денес се „гладни за љубов“.

Филозофот и писател Пол Хадсон ги објаснува главните виновници за недостатокот на љубов денес:

Сè мора да биде веднаш и сега

Денешната генерација млади луѓе во дваесеттите и триесеттите постојано се стреми кон моментално задоволување. Пораснавме во култура која ја поттикнува желбата за материјални, но и духовни работи кои можат и треба да се добијат сега и веднаш – статусен симбол во форма на мобилен телефон, доказ за интелигенција во форма на диплома, психолошка стабилност преку литература за самопомош од 100 страници.

Ако сакаме храна, нè дели само телефонски повик, ако ни е досадно, само вклучуваме интернет, ако бараме адреса, само ја пишуваме во навигацијата, ако сакаме сексуална стимулација, има порнографски сајтови.

Ваквите работи имаат и своја практична страна, но долгорочно нè прават робови на задоволството кое не се цени – затоа што сè е достапно и може веднаш да се добие. Задоволството на тој начин станува навика, а навиките ѝ штетат на романтичната страна на човекот, бидејќи љубовта не е дизајнирана како моментално задоволство, туку е долгорочно чувство и труд.

Културата се гради на пороци

Пороците одат рака под рака со моменталните задоволства, а модерната култура се чини дека ги возвишува пороците – од прекумерната употреба на алкохол, цигари, дрога, лекови. Токму овие супстанции создаваат илузија за добро чувство и забава, состојба во која не ни треба друга личност за да се чувствуваме исполнето или среќно.

Зошто да се трудите и да ја барате среќата во љубовта ако среќата можат да ја донесат само неколку чаши од вашиот омилен пијалак?

9-moderni-pricini-zosto-lugjeto-denes-se-gladni-za-ljubov (2).jpg

Сè се врти околу сексот, а тој е насекаде околу нас

Општо земено, луѓето денес се многу попромискуитетни и склони кон краткорочни авантури од кога било досега. И жените и мажите никогаш немале повеќе партнери, а во исто време тврдат дека никогаш немале помалку љубов. Сè почесто сексот се одвојува како посебно задоволство од љубовта, а се пропагираат врски кои носат задоволство без придружни проблеми или обврски – како пријателство со привилегии, отворени врски…

Како резултат на тоа, сексуалниот партнер исто така помалку се цени, тој се доживува исклучиво како средство за постигнување на една цел – задоволство.

Нашето его нè води низ животот

Секој поединец во светот е егоист бидејќи исполнувањето и одржувањето на сопствените цели е во согласност со теоријата на еволуција во која преживуваат најсилните, односно оние кои се грижат за себе. Додека постои здрав егоизам, оној кој не дозволува поединецот да биде експлоатиран, злоупотребен или принуден да го сака најдоброто за себе, нездравиот облик на егоизам станува сè почест.

Така, фокусирањето исклучиво на сопствените потреби и желби, без размислување за другите луѓе, се пропагира како нормална вредност. Двајца егоисти не можат да функционираат заедно – и ова е сè почеста причина за распаѓање на врската.

9-moderni-pricini-zosto-lugjeto-denes-se-gladni-za-ljubov (1).jpg

Врски без срце и надеж

Целта на секоја романтична врска е да се најде партнер за долготрајна врска и да се основа семејство. Иако ова не мора секогаш да се случува, таквиот импулс внесува аспект на романса во врската.

Од друга страна, денес луѓето влегуваат во љубовна врска поради секс, привремена забава или со однапред поставени ограничувања за нова врска – нема да се мажам, не сакам да имам деца, „ова не е ништо сериозно“ и слично. Сето ова влијае на сè помалите романтични очекувања, што конечно ја убива идејата за љубов.

Никој не е подготвен на компромиси

Во согласност со теоријата на егоизмот, постои и целосно отсуство на компромис. Став во кој е доволна само една мана, за човек да одлучи дека нема да биде во врска, дека партнерот не е за него или дека нема да му дадат можност на партнерот и на самите себе да видат во која насока ќе се развива врската.

Сосема различните вредности се секако голема пречка за врската, но идејата дека постои врска во која луѓето се согласуваат без потреба од компромис е целосна илузија.

9-moderni-pricini-zosto-lugjeto-denes-se-gladni-za-ljubov (3).jpg

Нереални очекувања

Додека луѓето секојдневно се бомбардирани со црни податоци за сè помалите шанси да го најдат вистинскиот партнер за себе, статистиката за разводи и слично, од друга страна, тие растат на холивудски филмови и бајки со среќен крај што секој би го посакал за себе.

Ваквите сосема спротивни идеи создаваат конфузија и нереални очекувања кај луѓето. Секој сака романтична љубов, но не се подготвени на компромиси, се повлекуваат при првиот знак на неволја и поставуваат услови во врската кои е речиси невозможно да се исполнат. И тогаш се прашуваат – вреди ли љубовта?

Секогаш има некој подобар…

Медиуми, рекламни кампањи, познати ѕвезди на социјалните мрежи, фотошопирани убави луѓе кои ни се смешкаат од насловните страници – сето тоа нè уверува дека постојат совршени луѓе. Подеднакво, секој сака да ја создаде најсовршената верзија од себеси, а за тоа му треба „совршен партнер“.

Судењето врз основа на физичкиот изглед или други предрасуди (тој не ја врши доволно добро работата, таа не е доволно привлечна …) во љубовните работи внесуваат пресметка, која е непријател број 1 за постигнување романтична среќа. Подеднакво, се величи „замената“ на старите партнери за подобри, помлади или по“ пожелни“ модели и така до бесконечност.

Повеќето луѓе „не знаат да сакаат“

Љубовта е многу збунувачка работа, слоевита е, променлива и комплицирана. Хадсон верува дека еден од најголемите проблеми денес е тоа што луѓето заборавиле како да сакаат.

„Не сме подготвени да се жртвуваме, станавме пресметани, мериме колку некој друг направил за нас за случајно да не направиме повеќе од него, чуваме љубовни резерви во случај да не останеме сами, се преправаме дека сме некој друг и да му угодиме на партнерот во сè само за да не нè одбие, проблемите ги туркаме под тепих …

Љубовта е вештина која се учи и нема срам да признаеме дека не знаеме да сакаме. Срамота е да се каже дека знаеме сè и да не се обидуваме, а да ја обвинуваме судбината за недостатокот на љубов“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg