„Брзате да имате секс“ - Кои се трите причини заради кои мажите не се вљубуваат во вас, според експерт? (18+)

Имате чувство дека мажите ви се додворуваат и сакаат само минливи авантури, но не се вљубуваат во вас, ниту пак сакаат сериозна врска. Кои се најчестите причини за тоа? Каде грешите што речиси секој обид за нова врска завршува само како минлива авантура?

brzate-da-imate-seks-koi-se-trite-prichini-zaradi-koi-mazhite-ne-se-vljubuvaat-vo-vas-spored-ekspert-01.jpg

Експертот за врски Џејмс Ален Ханрахан во текстот објавен на веб страната Your Tango открива дека постојат 3 главни причини заради кои мажите веќе не се вљубуваат во вас.

Во продолжение да проследиме, кои според него се трите најчести грешки што жените ги прават и со што си ги саботираат можностите за врска:

Премногу брзо имате секс

Спротивно на верувањата, мажите по сексот не се вљубуваат веднаш затоа што тој чин кај нив не создава веднаш интимност, туку им овозможува на најбрз начин да откријат дали меѓу вас постои хемија или не.

Сексот создава илузија на блискост со која само се маскира фактот дека воопшто не се познавате добро.

Затоа потребно е прво да се воспостави пријателски однос пред воопшто и да помислите на секс.

Дозволете му на мажот прво да ве запознае па потоа почнете да размислувате за интимните моменти.

brzate-da-imate-seks-koi-se-trite-prichini-zaradi-koi-mazhite-ne-se-vljubuvaat-vo-vas-spored-ekspert-02.jpg

Нетрпеливи сте

Времето што го трошите на состаноци ви дозволува подобро да се запознаете, а за вљубување честопати е потребно повеќе време.

Ако сакате да имате врска со некого, тогаш треба да бидете подготвени да вложите повеќе време и енергија, а можете многу да откриете за еден маж само според тоа колку тој е подготвен да вложи време за да ве запознае.

Мажите некогаш знаат да избрзаат: ќе ве викнат на патување, сакаат веднаш да имаат секс и ќе ве прашаат дали сакате да му станете девојка уште пред да бидат подготвени.

Ако се обидете да бидете потрпеливи и да не го следите неговото „брзо“ темпо, тогаш со сигурност ќе му дадете можност да се вљуби во вас.

Охрабрете го дека сте подготвени за врска, но, не брзајте.

brzate-da-imate-seks-koi-se-trite-prichini-zaradi-koi-mazhite-ne-se-vljubuvaat-vo-vas-spored-ekspert-04.jpg

Веднаш им ставате до знаење дека не сакате пријателство туку врска

Честопати погрешно веруваме дека пријателството и љубовта се две сосема различни работи, но дали е така?

Дали некој маж може вистински да ве сака кога не ве познава?

Само ако сте во пријателски односи со некого пред да почнете врска, можете да дознаете за каква личност станува збор.

Најчесто врските не се распаѓаат кога има недостаток на секс, туку кога има недостаток на пријателство меѓу партнерите.

Кога со некого сакате да поминувате колку е можно повеќе време, тоа е сигурен знак дека се вљубувате во него, а мажите може да се вљубат во вас само ако им дозволите и ако им дадете време да ве запознаат и прво да ви станат пријатели.

Кога не им дозволувате да ви станат пријатели, не можете ниту да очекувате дека тие ќе ве запознаат или, пак, ќе се вљубат во вас.

brzate-da-imate-seks-koi-se-trite-prichini-zaradi-koi-mazhite-ne-se-vljubuvaat-vo-vas-spored-ekspert-05.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg