Секси филмски фантазии

seksi-filmski-fantazii-povekjeПостојат многу работи кои, кога реално ќе ги согледате, воопшто не се секси, а филмовите ги прикажуваат како врвно еротско доживување.


Секој пар би требало да одлучи што е за нив авантура и на кој начин ќе ја остварат својата фантазија, но тоа не би требало да го прават само затоа што го виделе на филм.

Ова се фантазиите кои воопшто не изгледаат како на филм:

Кожна долна облека

seksi-filmski-fantazii-1

Пластичната и кожената долна облека делуваат многу атрактивно на телевизија. Но, ако се изземе изгледот, таквата долна облека не нуди нешто многу. Дури е многу непријатна за носење. Особено за жените, кои ја носат само за да ја задоволат фантазијата на партнерот, кој пак таа идеа ја добил гледајќи филмови за возрасни во доцните часови.

Нудистичка плажа

Иако повеќето нудистички плажи се замислуваат како рај по кој се шетаат заљубени и голи млади парови, реалноста е сосема поинаква. Овие плажи често пати се полни со средовечни парови, на кои сексот баш и не им е на ум. 

seksi-filmski-fantazii-2Секс под туш

Дали има нешто поромантично и поинтересно од водењето љубов под млаз на топла вода? Е па, има и тоа многу. Опасното лизгање, рушењето работи кои обично се наоѓаат во близина на кадата, како гелови за туширање, тоалет хартија, детски играчки.

Секс во авион

Колку пати и да сте гледале некој љубовен филм во кој заљубен пар го користи тоалетот во авионот за луд секс, подобро би ви било таа фантазија да ја оставите – на филмското платно.

Не само што во кабината сè се тресе, туку е и толку мала што во неа едвај може еден да се сврти. 

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg