Кој парфем во која пригода?

koj-parfem-vo-koja-prigoda-povekjeИако не е видлив кога ќе го употребите, парфемот е еден од главните модни додатоци. Би требало да знаете дека секој парфем бара одредена пригода.


Ние овде ќе ви предложиме водич за одбирање на парфем, кој секогаш ќе ви помогне да го одберете вистинскиот за соодветната пригода.

Парфем за на работа

koj-parfem-vo-koja-prigoda

Мирисната нота која што ја имате на себе во текот на работниот ден делува на тоа како колегите ќе ве доживуваат. И овде постојат некои правила. 

Доколку имате интервју за работа, одлучете се за парфем чија нота е чиста и пријатна, значи не прејака ниту сензуална.

Со оглед на тоа дека секоја работа е различна и парфемите кои би требало д аги одберете се различни.

Ако сте во чест контакт со луѓе, би требало да користите парфеми кои не се јаки. Ако се занимавате со креативна работа, пробајте нешто модерно, но избегнувајте богати и тешки ароми.

Доколку сте шеф, тогаш дефинитивно ви е потребна арома која ќе покаже дека сте авторитет, значи нешто ароматично.

Парфем за викенд

Ако сте во депресивно расположение, избегнувајте парфеми кои ги користите во текот на неделата. За време на викендот сите сакаме да носиме релаксирачка облека, да шетаме по дома и да се чувствуваме опуштено.

Токму поради тоа напрскајте се со парфем кој има арома од некоја егзотична дестинација. Тоа ќе ве потсети на одмор што автоматски ќе го релаксира вашиот нервен систем и ќе ве исполни со пријатно чувство.

Претворете ги своите викенди во мали одмори дури и ако во текот на викендот морате да направите големо чистење. Секогаш можете да се одлучите за парфеми кои во вас ќе разбудат спомени од детството, што секако ќе ви помогне да се почувствувате опуштено и среќно.

Парфем за расположение

Доколку сте нерасположени, парфемот кој во себе содржи лаванда ќе ви помогне да го пребродите тешкиот ден, ќе ве смири и ќе ви го подобри помнењето.

Доколку ви е потребен енергетски поттик, вистински избор за тоа се цитрусните ноти, а доколку сте депресивни или несреќни, тогаш одберете парфем кој во себе има мирис на кокос.

Би можело да ве интересира:

Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...
Ленените панталони ќе доминираат ова лето – како да ги комбинирате? (фото) Доста популарни се ленените комплети, а сите модели на ленени панталони изгледаа...
Зелените нијанси се пролетен хит – како да ги комбинирате со други бои? Монохроматскиот зелен аутфит со неколку нијанси на зелена делува отмено, додека ...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
5 стилски правила од Французинките за широките панталони кои се хит во 2025 Правило 1 - не ги носете само во елегантни комбинации, туку и во лежерни, со пат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg