Најголемите модни грешки што ги прават дамите кои носат L и XL облека (и како да ги коригирате)

Црната боја не е секогаш најдобриот избор, блузата не треба да ја ставате над панталоните или здолништето... Стилистка, која и самата носи XL облека, открива кои се најголемите грешки што ги прават дамите кои носат иста големина.

najgolemite-modni-greshki-shto-gi-pravat-damite-koi-nosat-l-i-xl-i-kako-da-gi-korigirate-01.jpg

Обемот на телото и големината на облеката што ја носите не треба да биде пречка да се дотерувате како сакате. Но, сепак постојат работи кои треба да ги комбинирате внимателно за да покажете стил, вели модната стилистка Марина Каменскаја, која и самата е „плус сајз“.

Таа открива кои се најголемите модни грешки што ги прават дамите кои носат L и XL и советува како да ги исправите.

Црната облека не „намалува“ килограми секогаш

Една од најчестите заблуди е дека црната боја ќе ви ја „коригира“ линијата на телото.

Точно е дека ако носите црна облека може да изгледате послабо, но тоа не значи дека сè во црна боја ќе ви одговара.

Комбинирајте различни текстури и стилови кога носите црно и на овој начин вашиот изглед нема да биде здодевен.

najgolemite-modni-greshki-shto-gi-pravat-damite-koi-nosat-l-i-xl-i-kako-da-gi-korigirate-03.jpg

Тесната облека и „детските“ принтови го уништуваат стилот

Многу жени прават грешка кога избираат облека со „детски принтови“ бидејќи мислат дека така ќе изгледаат слатко, но и послабо.

Има и такви кои велат дека таквиот едноставен изглед можеби не е модерен, но е удобен.

Но, според Марина, многу е подобро да изберете тренерки и поудобна облека за секојдневните активности, во кои ќе покажете стил.

Важно е да не одите од еден екстрем во друг, бидејќи премногу широката облека е подеднакво лош избор како и претесната облека.

najgolemite-modni-greshki-shto-gi-pravat-damite-koi-nosat-l-i-xl-i-kako-da-gi-korigirate-02.jpg

Погрешно го „криете“ стомакот

Многу жени ја ставаат блузата врз панталоните или здолништето и на тој начин уште повеќе го истакнуваат стомакот, иако се обидуваат да го скријат.

Наместо тоа, ставете ја маичката/блузата внатре во панталоните или здолништето.

На овој начин ќе го издолжите торзото.

Одозгора можете да облечете џемпер или палто.

najgolemite-modni-greshki-shto-gi-pravat-damite-koi-nosat-l-i-xl-i-kako-da-gi-korigirate-09.jpg

Здолниште со погрешна должина

Кога купувате здолниште, тоа нека биде од подебел материја, кој „паѓа“ убаво, наместо да ви се лепи за телото и да ве оцртува.

Дополнително, важна е должината на здолништето – тоа во никој случај не смее да е до колената, бидејќи на тој начин визуелно ќе си додадете килограми.

najgolemite-modni-greshki-shto-gi-pravat-damite-koi-nosat-l-i-xl-i-kako-da-gi-korigirate-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
9 грешки што ги правите кога купувате чевли (и потоа нозете ве болат) Чевлите што изгледаат прекрасно во излогот на продавницата, можеби и не се толку...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за ...
5 грешки кога комбинирате зимска капа (и како да ги исправите) Темна капа не оди во комбинација со темни очила, но ни шубара не се комбинира со...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg