Српски пејач настапи во раскошен фустан од нашиот Златко Јовановски на изборот за Евросонг

„Јас сакам да работам со луѓе што се храбри во своето изразување. Тој со неговиот тим дојде во моето ателје во Тетово, каде што направивме и проба“, вели креаторот Златко Јовановски за CRNOBELO.com за неговата креација што ја носеше српскиот пејач Филари на првото полуфинале за избор на песна за Евровизија во Белград.

srpski-pejach-vo-ekstravagantna-kreacija-na-nashiot-zlatko-jovanovski-nastapi-na-izborot-za-evrosong-01.jpg

Вчеравечер (27.02) во Белград се одржа првото полуфинале на српскиот избор за песна на Евровизија, на кое настапија 14 изведувачи, а само осум од нив влегоа во финалето.

Меѓу оние што пееја беше и младиот музичар и познат тиктокер, Филари, кој ја испеа песната „Ко је та жена“.

И иако нема да пее во финалето, Филари предизвика големо внимание со својот екстравагантен изглед.

Тој носеше впечатлива креација од нашиот моден креатор Златко Јовановски - широк бел фустан кој во горниот дел е дизајниран како сако.

Златко, познат како ЈЗЈ, и во минатото соработувал со многу српски и регионални ѕвезди, а креирал за нивните настапи, концерти и фотосесии.

srpski-pejach-vo-ekstravagantna-kreacija-na-nashiot-zlatko-jovanovski-nastapi-na-izborot-za-evrosong-03.jpgФото: Фејсбук

Сега, во разговор за CRNOBELO.com, дизајнерот ни откри неколку детали за соработката со Филари:

„Беше задоволство да се работи со Филари, пред сè затоа што неговата eкстравагантност е во иста мера како и мојата. Јас сакам да работам со луѓе што се храбри во своето изразување.

Околу дизајнот и моделот се договаравме заедно. Бојата и првичната идеја ги предложи самиот Филари, а финалниот изглед, материјалите, деталите, кројот и конструкцијата - јас.

Зад овој настап стои голем тим и моравме сите да се синхронизираме едни со други за да имаме таков сценски ефект.

Тој со неговиот тим ме посетија во ателјето во Тетово, каде воедно имавме и проба.

srpski-pejach-vo-ekstravagantna-kreacija-na-nashiot-zlatko-jovanovski-nastapi-na-izborot-za-evrosong-04_copy.jpgФото: CRNOBELO.com

Искрено, мене ми е баш криво што Филари не продолжи понатаму во финале.

Не затоа што јас бев дел од тимот, туку затоа што сметам дека само тој имаше настап за Евровизија 2024 и дека токму тој пееше текст што е современ и има сценски изглед што во светот ќе поминеше одлично. 

На сето тоа имаше и сценски настап со AI (вештачка интелигенција) што беше полн погодок“.

srpski-pejach-vo-ekstravagantna-kreacija-na-nashiot-zlatko-jovanovski-nastapi-na-izborot-za-evrosong-05.jpgФото: CRNOBELO.com

Филари со оваа креација ги сврте кон себе сите погледи уште на влезот во студиото на РТС на Кошутњак, каде што и се одвива изборот на песна за Евровизија.

Ништо помалку шокантни не беа ни реакциите на публиката во текот на преносот - едни го пофалија за храброста, други не беа воодушевени што ги помести границите и се појави во фустан.

„Сметам дека секој човек во себе има и женска и машка страна и токму тоа сакав да го отсликам со креацијата.

Затоа горниот дел е сако, кое ја претставува машката страна, а надолу продолжува во раскошен фустан, односно женската страна на секој човек“, кажа Филари во своето интервју во бекстејџот.

srpski-pejach-vo-ekstravagantna-kreacija-na-nashiot-zlatko-jovanovski-nastapi-na-izborot-za-evrosong-02.jpgФото: Фејсбук

Второто полуфинале ќе се одржи на 29 февруари, а претставникот на Србија на Евросонг ќе се дознае на 2 март, кога ќе се одржи финалето на изборот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Кои српски пејачки ги обожаваат креациите на нашиот Златко Јовановски? Златко Јовановски, кој за себе вели дека е „кралот на светкавото“, е омилен меѓу...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg