Модата на третата вечер на Макфест 2025 (фото)
Си испеани 16 хитови од изминатите четири децении, вчеравечер во Штип беше затворено јубилејното, 40-то издание на „Макфест“. А меѓу пејачите, водителите и публиката - повторно имаше впечатливи модни изданија.

Музичкиот фестивал кој во изминатите години донесе преку 1200 нови песни, синоќа беше во знакот на јубилејот, па на сцената се појавија дел од пејачите чии песни се синоним за „Макфест“.
Тања Кочовска, Росана Сариќ Тодоровска, Питер Џон Босе, Владо Јаневски, Мики Јовановски - Џафер, Силви бенд - се само дел од оние кои излегоа на сцената.
Водители беа Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, кои веќе неколку години успешно ја водат публиката низ новите изданија на макфестовската приказна.
