Реси, синџири, кул очила: Како се дотераа гостите за настапот на Махмут Орхан во Охрид?
Дизајнерката Моника Коцарева, стилистот Октај Сејди, беа само дел од гостите кои во саботата се забавуваа во Охрид со диџеј сетот на Махмут Орхан. Моника се одлучи за фустан со реси, Октај за впечатливи очила... Кој избра светки, а кој бисери?

Махмут Орхан е светски познат диџеј и еден од најпрепознатливите артисти на глобалната електронска сцена, кој има настапувано на многу интернационални фестивали како Coachella и Tomorrowland, а сега во саботата (25 јули) стадионот „Билјанини извори“ во Охрид стана место каде звукот со него доби поинаква форма.
Омилен на фестивалската публика, Махмут Орхан повторно и повторно ја освојува сцената со енергични и импресивни настапи, без разлика дали станува збор за масовни фестивали или ексклузивни клубски простори.

Неговото присуство носи интензитет што ја трансформира атмосферата и создава чувство на заедништво помеѓу илјадници луѓе, па токму така беше и во Охрид.
Од дизајнерката Моника Коцарева до стилистот Октај Сејди, што облекоа гостите?





