Лекции за нега и убавина од Ким Кардашијан

Ким секогаш изгледа негувано, а во исто време елегантно и гламурозно. Доколку се прашувавте која е нејзината тајна, ви ги претставуваме нејзините вечни правила за нега и убавина.

lekcii-za-nega-i-ubavina-od-kim-kardashian-01

Посветете внимание на обликувањето на веѓите

Нејзините веѓи се секогаш совршено обликувани. Таа признала дека по првата посета на козметичарката Анастасија Соаре е опседната со совршениот облик на веѓите. Таа тврди дека најдобро време за тоа е веднаш по туширањето, додека кожата ви е мека.

Изберете ја вистинската нијанса на руменило

Познатата шминкерка препорачува дека голем плус за вашиот изглед е вистинската нијанса на руменило. Сè што би требало да направите е нежно да нанесете неколку слоја руменило во вистинската нијанса за да постигнете беспрекорен, природен изглед.

lekcii-za-nega-i-ubavina-od-kim-kardashian-1

Максимално големи трепки

За бујни трепки Ким препорачува повеќе слоеви на маскара. Но, таа често ги практикува и вештачките трепки. Совет за домашно нанесување на надградба на трепките: нанесете малку лепак на дланката, а откако со пинцета ќе ги фатите трепките, внимателно провлечете ги низ лепакот. Почекајте додека лепакот се исуши и потоа нанесете само еден слој маскара.

Негувајте ја својата кожа

Ким знае дека негата на кожата е најважна. Таа секогаш изгледа префинето. Препорачува што почести посети на козметичар и третмани со пилинг.

lekcii-za-nega-i-ubavina-od-kim-kardashian-2

Правилна исхрана

Ким е позната како поборник за здравата исхрана. Проблем со кој многу жени се соочуваат е целулитот, а таа против овој проблем ја препорачува промената на исхраната. Таа речиси секогаш појадува овесна каша, руча салата и вечера исклучиво пилешко месо.

Избришете ја шминката!

Чистата кожа пред спиењето е единствена превенција против акни и брчки. Доколку шминката ја отстранувате со влажни марамчиња, користете марамчиња токму за таа намена.

Нега на косата

Ким ја измива својата коса на два дена, како што препорачуваат сите стручњаци. Користите шампони и регенератори за осетлива коса неколку дена во неделата и маска еднаш неделно. Вашата коса ќе има природен сјај и ќе изгледа одлично.

lekcii-za-nega-i-ubavina-od-kim-kardashian-3

Би можело да ве интересира:

Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg