Трикови кои ги бришат брчките од лицето

Покрај целулитот, брчките се најголемите предавници на женската убавина. Природно, кожата е подложна на стареење, а него го забрзуваат и лошите влијанија: сончевите зраци, студот, жештината и загадувањето. Дерматологот Шерил Карчер открива како можеме да се заштитиме од појавата на ситни и длабоки брчки и како да го намалиме нивниот изглед.

trikovi-koi-gi-brisat-brckite-od-liceto-01

Зошто е важна дневната рутина за нега на лицето? Како би требало таа да изгледа?

Колку порано почнеме да водиме сметка за нашата кожа, толку со годините ќе има помалку знаци на стареење. Колку порано и подоследно се грижиме за нашата кожа, таа ќе биде поздрава. Рутината за нега на лицето би требала да ги вклучува следниве чекори: чистење, третирање, хидратација и нега на очите.

Како се создаваат брчките? Можеме ли нешто да направиме за да се намали нивниот изглед?

Брчките се создаваат на неколку начини. Прво, поради  природниот процес на стареење, предизвикан поради губење на колагенот, еластинот и маснотиите, потоa поради фото стареењето на кожата предизвикано од сонцето, поради движењето на мускулите – начинот на кој се движат мускулите одредува каде ќе се појават брчките.

За да се спречи создавањето на брчки, секогаш преку ден користете крема со заштитен фактор дури и ако нема да бидете на отворено и почнете рано да се грижите за својата кожа.

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg