За 5 минути 5 едноставни фризури за секој работен ден

Наутро кога брзате за на работа и немате идеја што да направите со вашата коса, пробајте некоја од овие 5 едноставни фризури кои може да ги направите само за 5 минути и да имате одличен изглед.

 

za-5-minuti-5-ednostavni-frizuri-za-sekoj-raboten-den-01

Машничка од прамени

za-5-minuti-5-ednostavni-frizuri-za-sekoj-raboten-den-02

1. Одвојте по еден подолг прамен од двете страни кај слепоочниците.

2. Поврзете ги околу косата.

3. Врзете машничка како на врвките од патиките.

4. Прицврстете ја со обична шнола.

Илузија на долго опавче

za-5-minuti-5-ednostavni-frizuri-za-sekoj-raboten-den-03

1. На темето на главата врзете опавче со половина собрана коса.

2. Под него, на долниот дел од главата, малку над вратот, врзете уште едно опавче.

3. Прицврстете ги и расчешлајте ги.

4. Наместете ги така што горното ќе паѓа врз долното.

5. Треба да добиете визуелно подолго опавче од она во кое би ја собрале целата коса наеднаш.

Плетенка - сирена

za-5-minuti-5-ednostavni-frizuri-za-sekoj-raboten-den-04

1. Префрлете ја целата коса на една страна и поделете ја на два дела.

2. Од двата дела направете плетенки.

3. Плетенките развлечете ги за да не бидат премногу цврсто стегнати.

4. На долниот крај спојте ги и врзете ги со едно ластиче.

5. Употребете црни шноли со кои ќе ги прицврстувате спојувањата на едната со другата плетенка, на оние места каде се преплетувањата.

6. Треба да добиете една поширока плетенка со повеќе преплетени прамени.

Превртена невестинска плетенка

za-5-minuti-5-ednostavni-frizuri-za-sekoj-raboten-den-05

1. Соберете ја целата коса во едно опавче.

2. Разлабавете го да не биде припиено на главата.

3. Сплетете го во плетенка.

4. Полека раздвојте ја косата над ластичето каде е врзано опавчето, колку да направите простор.

5. Превртете ја плетенката нагоре, така што крајниот дел ќе го протнете низ направениот простор.

6. Повторете го тоа уште неколку пати, додека не ја извртите целата плетенка во мала пунџа.

7. Прицврстете ја со обични внатрешни шноли и прснете лак за коса.

Романтично венче

za-5-minuti-5-ednostavni-frizuri-za-sekoj-raboten-den-06

1. Исчешлајте ја косата. Доколку сакате може и да ги навиткате врвовите.

2. Издвојте два поголеми прамена  и прицврстете ги одзади со шноли, еден преку друг.

3. Премотувајте ги еден околу друг додека не добиете еднолично венче.

4. На крај прицврстете го со внатрешни шноли и лак за коса, за да ви трае подолго.

Би можело да ве интересира:

7 модни трикови на Италијанките со кои не можете да згрешите Италијанките важат за едни од најмодерните жени во светот, секогаш средени, доте...
10 едноставни промени што треба да ги направите за да изгледате елегантно Кај формалната облека ракавите секогаш треба да завршуваат до зглобовите, а долн...
Детали во изгледот што до неодамна беа стилска класика, но стануваат демоде Тесни фармерки, едноставни чанти, црни капути – некои парчиња што мислевме дека ...
10 трендови на кои заборавивме, но повторно се враќаат во мода Портокалов тен како Парис Хилтон, пирс на папокот како Бритни... Кои трендо...
5 модни совети за тазе мајки кои сè уште не се вратиле во форма: Што да избегнувате, а каква облека ... Тренерките не треба да ви бидат омилената облека и за дома и за излегување, избе...
7 парфеми со кои мирисот на летото можете да го носите и преку целата година Летото важи за еден од најбезгрижните периоди во годината, кој мириса на море, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg