Како да ја негувате кожата со сочен портокал?

Во овој период на кожата и е потребна посебна нега. Ниските температури, ветарот и сувиот воздух дополнително ја прават кожата чувствителна, склона кон црвенила и иритации.

kako-da-ja-neguvate-kozata-so-socen-portokal-01

Заштитата, редовниот пилинг и богатата хидратација се неопходни, а додатната нега многу лесно ќе ја пронајдете во вашата кујна.

Портокалот е полн со витамини, па затоа ви предлагаме да стане ваш најдобар сојузник за убавина. Портокаловата киселина ги чисти изумрените клетки, со што кожата е помазна и мека.

Исцедете сок од половина портокал, додајте ¼ шолја шеќер, ¼ шолја маслиново масло и измешајте. Треба да добиете густа смеса.

Со другата половина од портокалот поминете ги деловите каде кожата е најсува и нежно тријте неколку минути. Потоа, нанесете ја смесата која ја подготвивте.

Маската оставете ја да делува 15тина минути, а потоа добро измијте го лицето со млака вода. За крај, хидрирајте ја кожата со богата крема.

Би можело да ве интересира:

Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025 Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или са...
5 неутрални нијанси идеални за есенски и зимски комбинации, ако ви здодеа црна (фото) Ако сакате неутрални нијанси, но веќе ви е „преку глава“ од црна, експериментира...
Јакни и палта што треба да ги избегнувате по 45-тата година – прават да изгледате постаро Тексас јакната може да ве подмлади, но сè додека е еднобојна. Моделите со принто...
Мексиканска убавица е новата Мис Универзум – се борела со АДХД, беше понижена на изборот Од детство со булинг заради борбата со дислексија и АДХД кога врсниците ја исмев...

Најчитани неделава