Модел или XXL манекенка? (фото)

Робин Ловли е манекенката која со својата појава ја најави ерата на она што се нарекува модел со облини или XXL манекенка. Се чуди од каде тој епитет дека таа е XXL манекенка?

dali-robin-lovli-e-plus-sajz-manekenka-foto-01

- Никој не треба да се нарекува XXL жена. Тоа е навредливо за секого, тоа е етикета. Јас сум само модел, а пред тоа не треба да се додаваат никакви епитети со XXL – изјавила Робин Ловли за магазинот „Clique“.

Оваа манекенка носи облека со број 38, а токму тој број модната куќа „Манго“ во последната кампања го намени за покрупните модели.

- Луѓето се чудат: Како е таа XXL модел? Навистина, како сум јас XXL? – додава Робин.

Жената која беше ѕвезда во кампањата на Ралф Лорен и која се појавуваше на насловната страница на магазинот „Вог“, не била отсекогаш толку многу против модните стандарди.

Поради желбата да им се допадне на модните агенти, држела диети, пиела апчиња за слабеење, но подоцна се откажала, бидејќи сето тоа ѝ било неиздржливо.

- Верував дека само ако сум слаба може да бидам убава. Не верував дека ќе изгледам добро и со овие облини.

Таа додава дека е заблуда тоа дека жените кои се покрупни не вежбаат. Тие го прават сето она што е добро за нивното здравје и не се принудуваат себе на невозможни задачи.

Она што е важно да се знае за т.н. XXL манекенки е дека не значи дека тоа се несмасно дебели жени, туку само имаат покрупни облини поради пошироката градба на телото.

Но, тие еднакво вежбаат и се грижат за себе, единствено е тоа што не се изгладнуваат за да бидат еднакво слаби со поситните девојки.

Погледнете дали Робин Ловли навистина е XXL манекенка:

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Марго Роби го износи најсмелиот фустан на црвениот тепих - илузија на голо тело со видлива танга и К... На премиерата во Лондон, Марго дојде со својот филмски партнер, Колин Фарел - до...
Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...
Мексиканска убавица е новата Мис Универзум – се борела со АДХД, беше понижена на изборот Од детство со булинг заради борбата со дислексија и АДХД кога врсниците ја исмев...
Цеца одбра стајлинг од 16.350 евра за вечерата со најубавиот Италијанец - Симоне Сузина ја воодушеви... На Инстаграм профилот StyleByCeca, кој постојано објавува детали за модните избо...
Бремена манекенка во 9-ти месец, Ешли Греам гордо ги покажа облините во секси облека – Најдобрите мо... Провокативна долна облека, тантела, циркони, свила и пердуви, дополнето со ангел...

Најчитани неделава