Со новата Eucerin EVEN BRIGHTER Clinical колекција до природно здрава и сјајна кожа

Секоја жена посакува убава и здрава кожа, која блеска со природен сјај. Беспрекорно лице, деколте и раце со рамномерен тен, се мечта на секоја жена и основа на личната самодоверба. Меѓутоа, поради различни причини, меѓу кои и интензивното УВ зрачење, многу жени денеска се соочуваат со нарушувања во пигментацијата, предизвикани од прекумерното лачење на меланин.

so-novata-eucerin-even-brighter-clinical-kolekcija-do-prirodno-zdrava-i-sjajna-koza-01

Научниците од истражувачкиот центар на Баерсдорф во Хамбург долго време го истражуваа овој проблем, тестирајќи ја активната состојка за осветлување B-Resorcinol, која даде одлични резултати. Токму таа е клучната состојка на новата иновативна колекција од Еуцерин - EVEN BRIGHTER CLINICAL, која ја спојува ефикасната заштита и нега на кожата, овозможувајќи прекрасна и мазна кожа со рамномерен тен.

Истражувањата покажуваат дека една од три жени над 40 години страда од хиперпигментација, а се почесто од вакви нарушувања страдаат и помладите жени. Одредени хормонални влијанија, повреди, генетски фактори, болести и стареењето, доведуваат до појава на хиперпигментација или темни дамки. Колекцијата EVEN BRIGHTER е дерматолошки тестирана и докажано е дека влијае за порамномерен и посјаен тен, по само 4 недели од редовна употреба.

Колекцијата EVEN BRIGHTER се состои од дневна и ноќна крема, серум-концентрат и коректор на дамки, специјално креирани за потребите на потрошувачите.

so-novata-eucerin-even-brighter-clinical-kolekcija-do-prirodno-zdrava-i-sjajna-koza-03

Eucerin EVEN BRIGHTER дневната крема е клинички и дерматолошки испитана крема, која докажано ги намалува темните дамки и го изедначува тенот на кожата. Активната состојка B-Resorcinol, помага во намалување на излачувањето на меланин и појавата на хиперпигментација, а во нејзиниот состав има и глицирхетинска киселина која го стимулира сопствениот регенеративен процес на кожата. Со висока СПФ 30 и УВА заштита, оваа крема ефективно ја заштитува кожата од понатамошно оштетување предизвикано  од сонцето и нарушувања во пигментацијата, а кожата станува видливо посветла и со рамномерен тен по само 4 недели од употребата.

Eucerin EVEN BRIGHTER ноќната крема е регенеративна хранлива крема, збогатена со моќната состојка - декспантенол, која овозможува интензивна хидратација на кожата, истовремено забрзувајќи го ноќниот процес на регенерација на кожата. Кремата не е мрсна, лесно се нанесува и брзо се апсорбира, содржи нежен мирис и е погодна за сите типови кожа.  

Eucerin EVEN BRIGHTER серум концентратот интензивно го осветлува тенот и ги намалува темните дамки. Содржи висока концентрација на B-Resorcinol, а истовремено претставува и нежно средство за секојдневна употреба. Се состои од 6 индивидуални ампули, а секоја од нив е наменета за третман од една недела. Се употребува како серум под дневната крема,  а е компатибилен е за сите типови на кожа и секоја боја на кожа.

so-novata-eucerin-even-brighter-clinical-kolekcija-do-prirodno-zdrava-i-sjajna-koza-02

Eucerin EVEN BRIGHTER коректорот на дамки е наменет за прецизен третман на местата со хиперпигментација. Ова нежно средство кое е погодно за секојдневна употреба, брзо се апсорбира во кожата и се нанесува директно на загрозените места, а резултатот е рамномерен и сјен тен по само 4 недели од употребата!

Колекцијата  EVEN BRIGHTER исто така може да се употребува на рацете, дланките, градите или пак на било кое место каде што можат да се појават флеки, пеги и темни дамки.

Редовно употребувајте ја Eucerin EVEN BRIGHTER колекцијата и чувствувајте се пријатно во својата кожа!

so-novata-eucerin-even-brighter-clinical-kolekcija-do-prirodno-zdrava-i-sjajna-koza-04

Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
Капутот како скроен за секоја жена е омилен на Јелена Ѓоковиќ - Безвременскиот модел е хит за есен 2... Капутот кој е спој на класика и елеганција е повторно во мода - најдоброто од сè...

Најчитани неделава