Какви обувки да носите со макси здолништата?

Нема ништо позабавно, поинтересно, повеќе разиграно и слатко од макси здолништата и макси фустаните.

kakvi-cevli-treba-da-nosite-a-kakvi-ne-vo-kombinacija-so-maksi-1

Но доколку оваа гардероба ја комбинирате со погрешни обувки, тогаш добивате спротивен ефект од оној на модерна девојка.

Девојките се повеќе стануваат зависни од овие макси здолништа, но внимавајте со какви чевли ги комбинирате и следете ги овие совети:

Во комбинација со: Рамни и интересни сандали

Рамните сандали одговараат на секоја гардероба па така и на макси здолништата и фустаните. Одберете ги оние кои најмногу ќе одговараат на вашиот стил и вкус, како на пример сандалите со светкави, сребрени аксесоари на нив, па се до оние вообичаени без никакви апликации.

Не ги комбинирајте сo: Чизми

Многу жени се опседнати со чизмите. Секако, чизмите изгледаат секси на женските нозе, но никако не треба да ги комбинирате со макси здолништа. Со чизмите изгледате премногу широко, неуредно и не изгледате воопшто стилски или модерно.

kakvi-obuvki-da-nosite-so-maksi-zdolnistata-001

Во комбинација со: Дебела потпетица на висока платформа

Овие високи потпетици изгледаат како да се создадени за макси фустаните. Тие придаваат тон на гламурозен изглед токму поради тоа што ги извишуваат уште повеќе макси здолништата и фустаните. Можете да играте со боите и да создадете одлични уникатни комбинации од овие високи потпетици.

Не ги комбинирајте со: Патики

Патиките дефинитивно не би требало да ги комбинирате со макси здолниште или фустан. Најдобро би било патиките да ги држите во комбинација единствено со вашите фармерки, бидејќи со макси не изгледаат добро. Ако сакате да постигнете заводнички изглед, во тоа нема да успеете со патиките.

Во комбинација со: Апостолки

Во фокусот на летото се апостолките, а тие се одлични со макси здолништата и фустаните. Освен што ќе се чувствувате удобно во нив, ќе изгледате релаксирано и забавно. Одберете интересен принт кој одлично ќе прилега на вашиот макси фустан и уживајте.

Може да се комбинира со: Високи потпетици со отворени прсти и ремче околу глуждот

Велиме дека може да се комбинираат бидејќи постојат различни начини и пригоди на кои можете да ги носите овие високи потпетици, а при тоа да не изгледате премногу нападно во макси фустанот или здолништето.

На пример, доколку одите на некоја свечена пригода или вечера тогаш можете да го комбинирате вашиот макси фустан со високи потпетици со отворени прсти.

Но доколку одите во кафуле или во парк, тогаш не ги комбинирајте со овие високи потпетици, во тој случај нема да изгледате добро ниту привлечно.

kakvi-obuvki-da-nosite-so-maksi-zdolnistata-002

Би можело да ве интересира:

9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg