Зачувајте го бронзениот тен

zadrzete-go-bronzeniot-ten-povekjeЛетните одмори се при крај, иако се уште има такви кои уживаат во убавите морски, или езерски плажи. Како и да е, после одморите се враќате со убав бронзен...

 

...чоколаден тен.

Кожата ви е сјајна и убава, но знаете дека бојата не трае многу долго. Еве неколку совети што да направите за да ја зачувате колку што можете повеќе:

1. Првото правило е хидратација. За да ја задржи бојата кожата мора да се одржува влажна. Се советува користење на лосиони или млеко за тело за навлажнување.

Не заборавајте дека и клима уредите го сушат воздухот, а со тоа и кожата. Затоа пред престој во климатизирана просторија, обавезно нанесете млеко за тело и имајте при рака вода во спреј за одвреме навреме да можете да се освежите.

2. Пијте доволно течности, затоа што најголемиот дел од хидратацијата доаѓа од внатре.

3. Избегнувајте пилинзи и триење на кожата кои побрзо ќе ги отстрант исончаните клетки на кожата. Исто така, избегнувајте сауна и долги капења – наместо тоа одберете туширање.

4. Добрата исхрана исто така влијае врз тенот. Јадете производи кои содржат бета-каротен - моркови, спанаќ, или диња.

5. После секое туширање ставете масло или млеко за тело и тоа на влажна кожа.

zadrzete-go-bronzeniot-ten

Би можело да ве интересира:

Розови влечки и лакирани нокти за црвениот тепих - Џејсон Момоа со смел моден избор, откако дојде со... Актерот, кој често знае да изненади со својот моден избор, и овој пат привлече в...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
По „mob wife“, инфлуенсерките се облекуваат како „богата мајка“: Предлог комбинации за популарниот т... За разлика од mob wife, новиот тренд познат како rich mom (богата мајка) е миним...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
14 одлични идеи како да носите боб-фризура во есен 2025 Ако сте подготвени за промена на фризурата - вистинскиот избор оваа есен ќе биде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg