10 Трикови со кои евтината гардероба ќе изгледа луксузно

Дури и со ограничен буџет можете да оставите впечаток дека за одредено парче облека сте потрошиле многу повеќе...

10-trikovi-so-koi-vasata-evtina-garderoba-kjeizgleda-luksuzno-1

Со неколку едноставни трикови, можете да изгледа како да сте дошле директно од модните писти.

10 трикови за луксузен изглед на гардеробата:


1. Носете црно

Црната боја најдобро ги сокрива знаците на ограничениот буџет, а истовремено делува скапоцено.


2. Набавете си спандекс долна облека

Евтините фустани и здолништа обично немаат квалитетни подлоги, па на нив сѐ се отцртува. За да го избегнете тоа, набавете си спандекс долна облека.


3. Чевли од екоантилоп

Вештачката кожа изгледа лошо, особено на чевли. Затоа одберете модел од екоантилоп и разликата ќе биде видлива на вас.


4. Променете ги копчињата

На сите сакоа и јакни, кои сте ги купиле за малку пари, променете им ги копчињата. Набавете златни копчиња со некои интересни украси и вашите палта ќе блеснат во нов сјај.


5. Пронајдете верен кројач

На многу парчиња од вашиот гардеробер сигурно им се потребни преправки, особено ако заради ниската цена сте купиле број кој баш и не ви одговара. Кројачите не се скапи, а можат да направат чуда.

10-trikovi-so-koi-vasata-evtina-garderoba-kjeizgleda-luksuzno-2

6. Едноставни чанти

Ако сте љубители на нитни и останати украси на чантите, тогаш треба да знаете дека истите ги прават чантите да изгледаат евтино, наместо луксузно.


7. Вложете во пегла на пареа

И сами знаете дека ниските цени значат лоши материјали кои се туткаат. Најбрз начин сето тоа да го средите е со пегла на пареа која многу побрзо ќе ги израмни набраните делови.


8. Отстранувач на влакненца е нешто што мора да имате

Една од главните карактеристики на евтините работи се токму материјалите на кои се лепат разни влакненца и токму затоа ви потребна алатката уште позната како „fabric shaver”.


9. Задолжителна посета на чевлар

На чевлите со висока потпетица задолжително треба да им се промени петата, но и да се постави гума на ѓонот. Така потпетиците ќе ви траат подолго и нема да го имаат оној препознатлив евтин звук при одење.


10. Ременот е важен

Ремените кои доаѓаат со евтините капути и фустани, често ја откриваат нивната цена. Затоа вложете во квалитетен ремен, по можност кожен. 

Би можело да ве интересира:

6 трикови со кои полесно ќе ги „преживеете“ неудобните чевли Бебешка пудра за чевлите да не ви испуштаат чуден звук од потење, апостолките за...
5 трикови со кои ќе изгледате стилски дури и кога е претопло (и се препотувате) Кратки бициклистички под фустанот за да не ви се тријат бутовите, бебешка пудра ...
Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...

Најчитани неделава