Во мода се враќаат ѕвонарките од ‘70те (фото)

Постои нешто неверојатно удобно во модата од ‘70те, па затоа сите модни куќи и буквално целиот моден универзум одлучи во 2015та да се врати клучниот момент од овие години - ѕвонарките.

vo-moda-se-vrakaat-zvonarkite-od-70te-01.jpg

Додека тесните фармерки се сигурен избор кој прилега на речиси секоја градба, ѕвонарките се малку попредизвикувачки затоа што важен е високиот струк.

При облекувањето на ѕвонарки имајте на ум дека високиот струк ќе ви додаде облини околу бутовите, но и ќе ја издолжи силуетата.

Се работи за модна рамнотежа и создавање на совршена силуета - тенок струк, долго тело, благи облини. Важно е само ѕвонарките да завршуваат неколку сантиметри над вашите чевли, не да бидат пократки.

Како да ги носите ѕвонарките?

Одлично изгледаат со кратки маички, широки кошули, јакни од џинс до струкот, наметки, џемпери, кожни јакни, зависно од пригодата.

Платформите се секогаш добредојдени, исто како и високите шпиц потпетици кои ќе ви додадат неколку сантиметри плус.

Носете ги преку ден, во канцеларија, на кафе или пак навечер - во секој дел од денот изгледаат ретро, но елегантно и префинето.

Би можело да ве интересира:

„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Омилените модни парчиња на Скандинавките за студените месеци Бомбер јакните се идеални за есен, додека дебелото сако со широк крој може да ви...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Јакни и палта што треба да ги избегнувате по 45-тата година – прават да изгледате постаро Тексас јакната може да ве подмлади, но сè додека е еднобојна. Моделите со принто...

Најчитани неделава