Со помош на тон лубрикант, една жена ги пробува латекс фустаните на Ким Кардашијан (фото)

Во последно време латекс фустаните стануваат луксузен тренд помеѓу славните како Ким Кардашијан, Рита Ора, Лејди Гага... Но, што се случува ако обична жена сака да ги облече?

so-pomos-na-ton-lubrikant-edna-zena-gi-probuva-lateks-fustanite-na-kim-kardashian-foto-01.jpg

„Обичната“ жена Хана Флинт решила да проба неколку латекс фустани, идентични на оние кои Ким со леснотија ги носи.

Хана се упатила кај познатата дизајнерка за латекс креации Атсуко Кудо во Лондон, каде најпрво била измерена, па потоа и биле донесени повеќе модели и бои на фустани.

so-pomos-na-ton-lubrikant-edna-zena-gi-probuva-lateks-fustanite-na-kim-kardashian-foto-02.jpg

„Дефинитивно ми требаше помош за да ги облечам фустаните, а стилистот стави многу пудра во прав и лубрикант во внатрешноста на фустанот за подобро да се лизга. Велам да се лизга, но тоа не е така како што го замислувате. Ми требаа 15 минути за да го облечам фустанот и уште 10 да провериме дали сè е на свое место,“ раскажува 26-годишната Хана.

Таа признава дека почувствувала посебно голема самодоверба откако си ја видела фигурата во латекс фустанот затоа што материјалот го стега и го обликува секој сантиметар од телото.

Сепак, признава дека во него е топло и не знае колку е практичен за долги забави и настани на кои барем еднаш ќе треба да одите во тоалет.

Би можело да ве интересира:

Капутот како скроен за секоја жена е омилен на Јелена Ѓоковиќ - Безвременскиот модел е хит за есен 2... Капутот кој е спој на класика и елеганција е повторно во мода - најдоброто од сè...
Модни лекции од Џеки Кенеди и клучни стилски парчиња – жената која не следеше трендови, туку ги созд... Покажи го малку вратот и клучната коска, со вкус. Кога се двоумите комбинирајте ...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
19 години подоцна: Светска пејачка во фустанот што Катарина Ивановска го носеше на ревија во 2006-та Во 2006-та Катарина продефилира во фустанот на Roberto Cavalli на ревија, потоа ...
Ким Кардашијан непрепознатлива, Рита Ора со огромен шешир – Како се појавија ѕвездите на забавата по... Голотијата и мини фустанчиња од минатите години, сега сите ги заменија со префин...
Како да носите реси ова лето (а да не изгледате како во 2016-та)? Едноделните костими за капење со реси на горниот дел се огромен хит, исто како и...

Најчитани неделава