Бујното деколте на Селма Хајак во виолетова креација на Гучи

Кога има толку бујно деколте очигледно е дека не ѝ е потребен ниту посебен накит, ниту премногу впечатлив дезен.

vo-guci-toaleta-so-bujno-dekolte-selma-hjajek-gi-privlece-site-pogledi-na-kanski-festival-001.jpg

Селма Хајак на Канскиот фестивал се појави облечена во долга свечена виолетова тоалета, со едноставен крој кој го следи нејзиното тело до струкот од каде полека се шири и се спушта до подот.

Нема никакви дезенски додатоци, ниту детали, освен длабокиот „V“ отвор од кој доволно се забележува нејзиното бујно деколте.

За да го задржи вниманието во предниот дел, нема ниту премногу впечатлив накит, освен сребрено ланче со 2 реда ситни кристали, а во раката држи едноставна сребрена плик чанта.

Ниту на фризурата не посветила посебно внимание, туку ја има препознатливата пуштена коса со локни, а од шминката забележителен  е само светло розовиот кармин.

Со одличната креација на Гучи, Селма придружувана од нејзиниот сопруг, ги освои сите погледи на црвениот тепих, на Канскиот фестивал.

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Ангела од Охрид е трудница со впечатлив летен моден стил: „Сакам да го истакнам стомакот, горда сум ... „Секој има личен избор да одлучи што да прави со своето тело. Мразам да слушам д...
Шест впечатливи комбинации на бои идеални за пролетни аутфити Пудра розова и боја на песок, но и небесно сина во комбинација со путер жолта – ...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
Хајди Клум како статуа, премногу разголени тела - Најлошо облечените ѕвезди на Мет гала 2026 На листата најлошо облечени на Мет гала 2026 се и сестрите Кардашијан-Џенер, но ...
Јакни и палта што треба да ги избегнувате по 45-тата година – прават да изгледате постаро Тексас јакната може да ве подмлади, но сè додека е еднобојна. Моделите со принто...

Најчитани неделава