Работи кои мажите мораат да ги знаат пред да стават накит

Сега кога вашите раце се слободни од џемперите и палтата, време е на нив да додадете по некоја алка, прстени...Но, пред да го направите тоа прочитајте ги овие модни правила.

raboiti-koi-mazite-moraat-da-gi-znaat-pred-da-stavat-nakit-2

Кога станува збор за накитот, некогаш ни е многу тешко да го одбереме вистинскиот и да донесеме одлука што да ставиме на нас.

Овој краток водич ќе ви помогне да го збогатите изгледот:

Комбинирајте

Имате нов сребрен часовник? Комбинирајте го со шарена плетена алка, која е огромен хит за ова лето. Доколку пак имате часовник во повеќе бои, тогаш одлучете се за кожна алка која нема да се истакнува многу.


Не претерувајте

Кога правите комбинација на алки, часовници, прстени внимавајте да не претерате и да ставите премногу накит. Тенка е границата помеѓу добар изглед кој привлекува внимание и изглед кој исто така привлекува внимание, но не поради тоа што е добар. Не претерувајте со светкавиот изглед и сребрен накит, доколку не сакате да изгледате како да се ограбиле златара.


Прстените на мал прст не се за сите

Секако дека можете да експериментирате и навистина прстенот на малиот прст би можел добро да ви прилега, но не заборавајте дека тој не е за секого. Ако се чувствувате добро во сопствената кожа, носите џинс и спортски чевли тогаш пробајте, во спротивно немојте.


Ланче е секогаш добар избор

Ланчињата навистина изгледаат убаво над маичка со кратки ракави, но секако мора да го одберете вистинското ланче. Кај ланчињата важна е должината: прекраткото ќе направи да изгледате како куче; златните нема да остават добар впечаток, а ниту пак предебелите. Најдобро е да одите на сигурно и да одберете долго, тенко и сребрено ланче кое ќе завршува токму на вашата градна коска. 

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Розови влечки и лакирани нокти за црвениот тепих - Џејсон Момоа со смел моден избор, откако дојде со... Актерот, кој често знае да изненади со својот моден избор, и овој пат привлече в...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...

Најчитани неделава