Модни заповеди за оваа есен

moda-esen-povekjeПретпоставуваме дека непредвидливото време овој месец ве спречило да тркнете до продавниците во градов за да си ја најдете комбинацијата во која ќе заблескате...

 

 moda-esen3

 

...оваа есен. Затоа ние сме тука, да ви ги предложиме најголемите модни трендови.

Виолетова боја – Хит за оваа есен
Добро позната комбинација на црно и лила е апсолутен хит за оваа есен. Капути, сакоа, фустани или чизми во пурпурно издание се MUST HAVE. Доволно е само едно парче во вашата гардероба со оваа боја, и ќе ви го освежи целиот есенски изглед. Оваа боја може да се комбинира со нешто црно, свилено или едноставно со џинс.

Карирано
Карираното повторно се  враќа на големата врата. Ако до сега сте го сакале карираното, нема шанси да го избегнете и оваа есен. Карирани шкотски здолништа, или некој кариран додаток, некоја карирана ташна или шал се сосема доволно да бидете во тренд. Внимавајте да не претерате, па да бидете премногу нападни и нескладни.

Раскошни крзна moda-esen1
Голем број на модни куќи оваа есен не го изоставуваат крзното во нивните најнови колекции. Крзнени бунди или крзнени детали на чизмите или ташните, ќе направат да изгледате гламурозно. Дури и ако соберете храброст се облечете како Кери во Сексот и Градот со крзнена бунда врз вечерната тоалета во комбинација со златни сандали, целиот свет ќе биде ваш.

Кожнени панталони, чизми и ташни
Не морате де бидете жената – мачка за да носите кожнени панталони, кои холивудските ѕвезди ги обожаваат. Ако не сакате панталони од тој материјал, може да се решите за чизми, ташни или некоја јакна.

Шљокици за дневен изглед
Урбаниот шик на Chloe, Celine и Barbara Bui се токму шљокиците, кои не се само дел од додатоците, туку и на вечерните футани и кратките јакни. Неморате да го чекате викендот да станете диско кралици, овие светкави нешта можат да станат дел и од вашиот дневен изглед и тоа во комбинација со некоја бела обична шамучна маичка, за секако да припазите да не изгледате како диско топка.


Големината на ученичките стиловиmoda-esen2

DKNY, Malo и Marc Jacobs ги вратија доколенките, краватите, пуловерите, елечињата и здолниште со набори од школските клупи. Но ќе ве замолиме да внимавате иако овој изглед е примамлив, комбинирајте со внимание за да не оставите промискуитетен впечаток. Здолништата можат да се искомбинираат со моторџиски чизми, со тоа ќе постигнете еден секси изглед без некои додатни детали.


Портокалово
Веднаш по виолетовата, портокаловата боја е следниот најдобар избор за боја оваа есен. Соберете храброст и купете си портокалов капут или вечерен фустан со некоја од нијансите на таа боја. Еден совет ...не ја комбинирајте оваа боја со црно!!


Големо е секси
Доколку некогаш ви се случи да посакате да ги носите панталоните на вашиот љубен, ставете си трегери и подвиткај те ги, не се секирајте нема да ви се смеат. Големите и широки панталони од осумдесетите се вратија во мода. Совет.. комбинирајте ги со штикли со вискока потпетица.

Би можело да ве интересира:

10 модни додатоци за на плажа, кои ќе бидат во тренд за лето 2025 Плетени комплети, мрежести фустани, масивни бразлетни, детали со школки или во п...
Капутот како скроен за секоја жена е омилен на Јелена Ѓоковиќ - Безвременскиот модел е хит за есен 2... Капутот кој е спој на класика и елеганција е повторно во мода - најдоброто од сè...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Mакедонките и дамите од регионот со кул аутфити уживаат на снег Нашата мала модна инфлуенсерка Фрида престојуваше во ист хотел со Данијела Димит...
5 модели на здолништа што ќе бидат хит оваа зима (и 4 што веќе се демоде) Додека карираните и тексас здолништата се мошне популарни, карго здолништата веќ...
Како да ги комбинирате фармерките со цветен принт – модниот тренд што ќе доминира до крајот на летот... Најлесно е да ги комбинирате со бела маичка, но изгледаат добро и со блузи со кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg