Заштедете си ги парите: Како да препознаете лажни брендови за 30 секунди?

Постојат многу големи брендови кои се распространија глобално, а тоа значи и нивно копирање.

zashtedete-si-gi-parite-kako-da-prepoznaete-lazni-brendovi-za-30-sekundi-001.jpg

За да не наседнете на копиите кои се продаваат по цена на оригинали, важно е да ги знаете клучните карактеристики по кои можете да го препознаете производот на одредениот бренд.

Ова се дел од најкопираните брендови и совети како да си ги заштедите парите и нервите:

MAC козметика

Внимателно разгледајте ја опаковката. Обично пластиката од која се изработува има сјаен и светкав, а не матиран финиш.

Проверете го името на производот. Обично копиите имаат имиња кои ги нема на официјалниот сајт на MAC.

За да ја одредите автентичноста, проверете го и картонското пакување. MAC има уникатен фонт на логото, кое кај копиите обично е поразвлечено и со залепени точки измеѓу буквите. Логото на оригиналите е секогаш центрирано, а не порамнето десно или лево.

zashtedete-si-gi-parite-kako-da-prepoznaete-lazni-brendovi-za-30-sekundi-01.jpg

UGG чизми

Проверете ја земјата на производство. UGG е регистрирана како американска компанија, чии оригинали се произведуваат само во 3 земји: Кина, Виетнам и САД.

На кутијата и на левата чизма секогаш треба да има налепница со код. Кодот треба да можете да го искенирате со смартфон, кој ќе ве однесе до официјалната веб страна, каде ќе пишува детали за производот.

Исто така, внимавајте на копчињата. Оригиналите секогаш имаат букви и бројки, никогаш не се мазни.

zashtedete-si-gi-parite-kako-da-prepoznaete-lazni-brendovi-za-30-sekundi-02.jpg

Michael Kors чанти

Металното лого е секогаш со висок квалитет и е прилично тешко. Металот е со иста боја насекаде - од приврзоци до патенти.

Оригиналите се призведуваат во 4 земји – Кина, Виетнам, Индонезија и Турција. Не верувајте на приказните дека оригиналите се од Франција, Италија и САД.

Од 2015-та година, брендот има вметнато 10-цифрени кодови на секој модел и се наоѓаат на внатрешноста на чантата.

Кај оригиналите, во внатрешниот џеб секогаш има кожена етикета со бојата на надворешноста на чантата.

zashtedete-si-gi-parite-kako-da-prepoznaete-lazni-brendovi-za-30-sekundi-03.jpg

PANDORA приврзоци и бразлетни

Стандардниот знак по кој ќе ги распознавате оригиналите од копиите е знакот ALE, кој стои заради  Algot Enevoldsen, „таткото“ на PANDORA.

Од 2011-та, PANDORA додаде големи букви за ознака на благородните метали – S за сребро (S925) и G за злато, (14-каратно злато G585; 18-каратко злато G750).

zashtedete-si-gi-parite-kako-da-prepoznaete-lazni-brendovi-za-30-sekundi-04.jpg

Timberland жолти чизми

На десната страна од чевлите секогаш е изгравирано логото. Тоа никогаш не е метално или пластично или од било кој друг материјал кој се лепи како додаток на чевлите.

Timberland е американска компанија, меѓутоа чевлите се изработуваат во Кина и Доминиканска Република. Компаниите кои решаваат да направат копија не се секогаш најдобро информирани, па честопати како земја на потекло наведуваат САД, со што се издаваат.

zashtedete-si-gi-parite-kako-da-prepoznaete-lazni-brendovi-za-30-sekundi-05.jpg

Adidas патики

Внимателно проучете ја кутијата. Серискиот број на кутијата мора да се поклопува со серискиот број на патиките.

Логото секогаш е вдлабнато, а не само испечатено. Исто така обрнете внимание и на дупчињата за врвки. На поголемиот дел од моделите нема метални додатоци, но сепак најдобро е да споредите со фотката од моделот на официјалната веб страна.

Внатрешноста на оригиналните Adidas патики секогаш е поставена со мазен материјал. Кај копиите се работи за неквалитетна синтетика со текстура.

zashtedete-si-gi-parite-kako-da-prepoznaete-lazni-brendovi-za-30-sekundi-06.jpg

Louis Vuitton чанти

Внимателно разгледајте ја внатрешноста на чантата. Поставата, патентите и металните додатоци секогаш се соодветни на надворешната боја или дизајн. Никогаш нема да најдете кремаста чанта со сребрен патент.

Louis Vuitton чантите се произведуваат во една од следниве 5 земји – Франција, Италија, Шпанија, САД или Германија.

Секој модел на чанта има специјален код – 2 букви и 4 бројки.

zashtedete-si-gi-parite-kako-da-prepoznaete-lazni-brendovi-za-30-sekundi-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Шест модни грешки со кои си додавате килограми (а не ни забележувате) Нагласувате погрешни делови од телото и погрешно ги комбинирате чевлите. Нагл...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Мајка и ќерка од Македонија се облекуваат во тон: „Тешко е да се најдат исти парчиња за да сме целос... „Тиара (3) обожава да танцува, а во последно време „кујнските авантури“ ѝ се гол...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...

Најчитани неделава