Трикови за кога температурите нагло ќе паднат, а вие ја спакувавте зимската облека
Во зима сите знаеме како да се загрееме – неколку блузи под џемперот, дебели хеланки под фармерките, дебели чорапи во чизмите...

Но, оваа година имаме непредвидлива пролет со нагло качување и опаѓање на температурите, па доколку ја кренавте зимската облека и се плашите да не смрзнете во наредниве денови (кога повторно ќе настапат минусните температури), искористете ги следниве трикови:
Туниките и џемпер фустаните секогаш можете да ги носите со високи чорапи под чизмите кои дополнително ќе ве загреат.

Слоевито облекување – ставете кошула под џемперот, подолга маичка под ролката...

Откопчаната кошула и кардиганот со волумен се исто така добар спас. Избегнувајте џемперчиња кои се потенки.

Секогаш и над фармерките можете да ставите уште еден пар чорапи над колениците, па потоа да облечете чизми. Плус визуелно ќе ги издолжите нозете.

Ставете дополнителен слој во чевлите. Добро би било сами да си исечете влошка од топли материјали.

Носете контрастни или црни (дебели) хулахопки под фустанот. Така ќе додадете „топла нота“ на пролетниот аутфит.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
6 трикови со кои полесно ќе ги „преживеете“ неудобните чевли
Бебешка пудра за чевлите да не ви испуштаат чуден звук од потење, апостолките за...
5 трикови со кои ќе изгледате стилски дури и кога е претопло (и се препотувате)
Кратки бициклистички под фустанот за да не ви се тријат бутовите, бебешка пудра ...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд?
Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут
Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот.
С...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека...
„Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
5 трикови на Италијанките со кои изгледаат стилски, без многу труд
Трик број 1: Белата кошула со свртени ракави е база, а одозгора се комбинира во ...