Лакови за нокти во тренди бои

lakovi-za-nokti-vo-trendi-boi-povekjeЛелеави  фустанни, омилен костум за капење и тренди сандали...тоа е летната мода. Но за комплетен изглед треба да се одбере хит боја на сезоната...


...и гордо да се носи на ноктите.

Кои бои преовладуваат оваа сезона?

Природни тонови и јаки, впечатливи бои. Оваа сезона преовладуваат два тренда кои подеднакво ќе ги задоволат љубителите на природните и ненаметливи бои, како и смелите трендсетерки кои сакаат да остават силен впечаток.

lakovi-za-nokti-vo-trendi-boi-1
Следејќи го трендот на романтичните креации и нежните тонови , боја на кожа, и лаковите за нокти оваа сезона се ненаметливи. Бојата на песок и нијансите на кожа се главен хит на модните писти оваа сезона, а тој тренд го следат и козметичките куќи.

lakovi-za-nokti-vo-trendi-boi-2

Но, со доаѓањето на потопли денови и денови за годишен одмор, доаѓаат и лаковите со јаки впечатливи бои кои совршено се вклопуваат со сончаниот тен. Оваа сезона, се  е дозволено.

lakovi-za-nokti-vo-trendi-boi-3

За што и да се одлучите, добрата вест е што лаковите можете да ги комбинирате со најразлична боја на облека.

Романтичните и нежни фустани можете да ги носите со нокти декорирани со силни бои, додека откачените комбинации комбинирајте ги со лакови за нокти во природни, пастелни бои.

Најважно од сè, без разлика која комбинација ќе ја одберете, е да ги заштитите ноктите. Подлогата за нокти е особено важна кога се користат интензивните бои.

Би можело да ве интересира:

5 бои кои ќе доминираат во 2026-та (и 5 кои ќе ги гледаме поретко на модната сцена) Топлите кафеави нијанси ја заменуваат студената сива, додека пастелната розова е...
Модни парчиња што ќе доминираат до крајот на зимата (а се носат и во рана пролет) Панталоните со висок струк кои веќе се класика, но и едноставниот плетен фустан ...
8 модни формули со здолниште, идеални за (рана) есен Плисирано здолниште и џемпер, со високи чорапи и балетанки – идеална комбинација...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
Пет бои кои лесно се комбинираат (и се носат во секоја сезона) Впечатлива, но не и нападна, маслинестата зелена е идеална за секоја сезона, а д...
5 стилски правила од Французинките за широките панталони кои се хит во 2025 Правило 1 - не ги носете само во елегантни комбинации, туку и во лежерни, со пат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg