10 грешки кои ги правите со облеката поради кои побрзо ви се уништува
Понекогаш правиме автоматски избори, без да размислиме дека постои подобра алтернатива и опција.

На пример, закачувањето на повеќе кошули на иста закачалка има попаметно решение, како и класичното перење на хулахоппките.
Ова се 10 грешки кои сите ги правиме во секојдневието, а тука ќе ги откриете решенијата:
1. Користите пластични кеси за чување на гардеробата. Платнените се секогаш подобра опција бидејќи не задржуваат влага и мириси.

2. Не ги чистите обувките од превртена кожа со нежна турпија. Ако го правите тоа, темелно ќе ги исчистите од сите насобрани прашини.

3. Не користите мрежа за перење на облеката. Мрежата ќе ви помогне облеката да не ја загуби првобитната форма.

4. Не ги ставате гумените ластичиња во топла вода. Жешката вода ги собира и им ја враќа формата.

5. Не ги закопчувате јакните кога ги ставате на закачалка. На овој начин им ја уништувате симетричноста и не сакајќи ги развлекувате.

6. Не користите спреј за пеглање на облеката. Не сите работи мора да се пеглаат со пегла. Размешајте 1 лажичка бел оцет во 500ml вода и со течноста распрскајте ја облеката додека виси на закачалка.

7. Закачувате повеќе работи на една закачалка. Размислете за повеќе скалести закачалки.

8. Не ставате влошка во чевлите. Влошките може да ги направат чевлите постабилни и подолго да личат како нови.

9. Погрешно ги закачувате џемперите на закачалка. Затоа ви се појавуваат испакнатини на рамениците и плетките се развлекуваат.

10. Ги перете хулахопките. Наместо тоа, доволно е да ги намокрите, да ги ставите во вакум кеса и да ги оставите во замрзнувач преку ноќ. На овој начин го спречувате кинењето и ја подобрувате текстурата.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето?
Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Работи што не треба да ги фрлате од гардероберот (дури и ако одамна не сте ги носеле)
Модата се враќа, па ако некои парчиња облека сега ви делуваат застарено, најверо...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години
Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Шест модни грешки со кои си додавате килограми (а не ни забележувате)
Нагласувате погрешни делови од телото и погрешно ги комбинирате чевлите.
Нагл...
Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн
За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото)
Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
