Што нервира во шопинг?

shto-ve-nervira-vo-shoping-povekjeЕдвај сте дочекале да отидете во шопинг, а постојано се наоѓа нешто што ве нервира. Дали е тоа продавачката, претесната кабина за пресоблекување...


...или фактот што ништо што ќе пробате не ви се допаѓа – дома ќе се вратите нервозни.

Што е она што најмногу ги нервира жените додека се во шопинг?

1. Премногу ангажирана продавачка

shto-ve-nervira-vo-shoping

Ќе ве нападне само што ќе влезете од врата, постојано оди по вас додека разгледувате по рафтовите и закачалките и го поставува прашањето „Повелете, како може да ви помогнам?“.

Додека пробувате постојано стои пред гардеробата и секако се восхитува што и да облечете и пробате. Колку и ужасно да изгледате никогаш нема да ви признае затоа што едноставно работа и е да продаде.

2. Ограничен број на парчиња кои може да ги пробате

Сè повеќе модерни продавници имаат ограничен број на парчиња облека кои можете да ги понесете со себе во гардеробата. Не дај боже нешто да ви е мало, па да сакате да пробате поголем број. Мора да излезете, да најдете поголем број (ако го има) и да се вратите и повторно да чекате во редот пред гардеробата.

3. Огледала кои лажат за изгледот

Најчесто во продавниците кои имаат скапа брендирана облека поставени се огледала кои создаваат илузија дека нешто ви стои добро, во него изгледате слаби, па затоа и сте подготвени веднаш да го купите. Непријатно изненадување следи кога ќе се вратите дома и повторно ќе го пробате истото. Мал совет е да прошетате до излогот од дуќанот и да се погледнете и во стаклото.

Би можело да ве интересира:

Низок струк, впечатливи дезени: Какви фармерки ќе носиме оваа пролет? Фармерките со низок струк повторно се хит, но во малку попрактична верзија од ра...
5 трикови со кои ќе изгледате стилски дури и кога е претопло (и се препотувате) Кратки бициклистички под фустанот за да не ви се тријат бутовите, бебешка пудра ...
Ленените панталони ќе доминираат ова лето – како да ги комбинирате? (фото) Доста популарни се ленените комплети, а сите модели на ленени панталони изгледаа...
Модели на фармерки што ќе доминираат во 2026-та (и 4 модели што се застарени) Тесните ѕвонарки со висок струк ќе бидат огромен хит, додека на премногу искинат...
Креации на Мет гала 2026 кои беа инспирирани од вистински уметнички дела (фото) Кајли Џенер носеше фустан инспириран од познатата статуа „Милоска Венера“, додек...
Модни формули за најпопуларните пролетни комбинации на Pinterest (со облека што веќе ја имате) Бели фармерки со тексас кошула или сив џемпер, во комбинација со црни мокасини и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg