Девојка ја носи облеката од медениот месец на баба ѝ – ја чувала од 1952-ра во куфер за идните генерации да ја пробаат

„За мене медениот месец беше исполнет со возбуда за иднината што ќе следи“ - Мери Д'Алесандро (91) објаснува дека ја чувала својата облека од 1952-ра година со цел еден ден да им ја подари на нејзините внуки. Внука ѝ Мади денес објавува видеа во кои се гледа безвременската елеганција овие модни парчиња. 

dokaz-deka-vintidj-modata-e-kul-devojka-ja-nosi-oblekata-od-medeniot-mesec-na-nejzinata-baba-od-1952-godina-foto-video-01.jpg

Мади Бил сподели видео на ТикТок во кое ја пробува облеката што нејзината баба ја носела на медениот месец во 1952-ра година и докажува дека винтиџ облеката е безвременска, елегантна и со стил.

Мади раскажува како нејзината баба Мери Д’Алесандро и нејзиниот дедо Ентони Џејмс Донато се сретнале кратко откако тој се вратил од фронтот на Втората светска Војна, а откако една година ги одбивала неговите додворувања сепак одлучила да почне да се гледа со него.

dokaz-deka-vintidj-modata-e-kul-devojka-ja-nosi-oblekata-od-medeniot-mesec-na-nejzinata-baba-od-1952-godina-foto-video-07.jpg

Мери имала 22 години, а Ентони 27 кога стапиле во брак во 1952-ра година, а по свадбата заминале на меден месец во Њујорк. Облеката што ја носела за медениот месец Мери ја спакувала и ја чувала до денес во голем зелен куфер со цел да ја даде на нејзините внуци.

@maddy_bill #grandmascloset #grandmasclothes #vintage #vintageclothes #vintagefashion #thenewyorkerhotel #honeymoon #tryonhaul? #fashion ♬ Come Fly With Me - Frank Sinatra

Како што вели, сакала да направи временска капсула со што ќе може на идните генерации да им даде можност да ѕирнат во едно од нејзините најубави сеќавања.

„За мене медениот месец беше исполнет со возбуда за иднината што ќе следи. На некој начин, сакав да го спакувам во куферот тоа чувство за моите ќерки и внуки“ – раскажува Мери.

dokaz-deka-vintidj-modata-e-kul-devojka-ja-nosi-oblekata-od-medeniot-mesec-na-nejzinata-baba-od-1952-godina-foto-video-08.jpg

Мери куферот го подарила на нејзината ќерка, која не го отворила и го оставила за внуката Мади, која пак на социјалните мрежи сподели повеќе видеа во кои се гледа безвременската елеганција на парчињата облека спакувани во куферот на нејзината баба.

„Кога јас и мајка ми го отворивме куферот, како да оживеаја фотографиите од баба ми што сум ги видела. Навистина беше неверојатно затоа што изгледаше како да го оживеавме минатото“ – раскажува Мади.

@maddy_bill Reply to @emmkaty #grandmasclothes #grandmasoftiktok #grandmascloset #vintagesclothes #honeymoon #tryonhaul #vintagejewelry #vintagepearls ♬ You're in My Heart (The Final Acclaim) - Rod Stewart

Мади вели дека планира облеката да ја носи само за специјални пригоди, а вели дека повторно ќе ја спакува и ќе ја чува за идните генерации.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

dokaz-deka-vintidj-modata-e-kul-devojka-ja-nosi-oblekata-od-medeniot-mesec-na-nejzinata-baba-od-1952-godina-foto-video-02.jpg

dokaz-deka-vintidj-modata-e-kul-devojka-ja-nosi-oblekata-od-medeniot-mesec-na-nejzinata-baba-od-1952-godina-foto-video-03.jpg

dokaz-deka-vintidj-modata-e-kul-devojka-ja-nosi-oblekata-od-medeniot-mesec-na-nejzinata-baba-od-1952-godina-foto-video-04.jpg

dokaz-deka-vintidj-modata-e-kul-devojka-ja-nosi-oblekata-od-medeniot-mesec-na-nejzinata-baba-od-1952-godina-foto-video-05.jpg

dokaz-deka-vintidj-modata-e-kul-devojka-ja-nosi-oblekata-od-medeniot-mesec-na-nejzinata-baba-od-1952-godina-foto-video-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Розови нијанси, диско естетика: 7 клучни машки модни трендови за лето 2022 година Машката мода веќе одамна не е здодевна, а границите се поместуваат од година во ...
9 модни тајни на Французинките со кои изгледаат стилски, дури и во зима со куп облека Носат капут со поголем број,  не се откажуваат од белите панталони и во зим...
Елеците се нов моден хит за оваа сезона – како да ги комбинирате? (фото) Во деновите кога е многу топло за сако, лесно можете да го замените со елек кој ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg